Писмо од таткото до ќерката: „Како да го пронајдеш совршениот маж?“
Кога еден грижлив татко ја пребарал оваа тема на Гугл и ја пронашол во многубројни женски списанија, дознал дека неговата ќерка никогаш нема да успее да го најде правиот маж.
Со таа цел, тој се потрудил да ги пренесе своите искрени зборови на лист хартија, упатена кон неговата најмила ќерка.
Најмила моја,
Неодамна јас и твојата мајка пребарувавме на Гугл. Некаде на половина од нашето прашање, Гугл понуди листа на најпопуларни пребарувања во светот. На самиот врв се наоѓаше “Како да го држиш заинтересиран?” Тоа ме погоди. Прегледавме безброј текстови за тоа како да бидеш секси и привлечна, кога да го водиш на ручек, а кога на пиво и што да правиш за тој да се чувствува супериорно и попаметно. Се налутив. Мала моја, никогаш не било, не е, и никогаш нема да биде твоја работа да го “држиш заинтересиран”.
Твоја единствена задача е да знаеш длабоко во себе - во тоа недопрено место кое не е збунето од одбивања, губење и его - дека ти си онаа која е вредна за да го привлече неговото внимание.
Ако можеш да веруваш во себе на овој начин, ќе бидеш привлечна во најважната смисла на зборот – ќе привлекуваш внимание на момчиња кои се подготвени ти да ги интересираш и кои ќе посакаат цел живот да го посветат на тебе и твоите интереси.
Мала моја, сакам да зборувам за момче кое нема потреба да го држиш заинтересиран, бидејќи тој знае дека ти си доволно вредна за да се труди да те задржи.
Не е важно ако ги става лактите на маса додека јаде. Важно е да те гледа во очи кога се смееш...И не може да престане да те гледа.
Не ми е важно ако не може да игра голф со мене – се додека може да игра со децата кои ти ќе му ги подариш и на сите начини ќе открива дека се прекрасни како и ти.
Не ми е важно ако не го полни својот паричник – се додека го следи своето срце, важно е да го одведе повторно кај тебе.
Не ми е важно дали е силен – сè додека тебе секојдневно ти ја покажува честа и почитувањето кое го заслужуваш.
Не е важно каква боја на кожата има – се додека платното на вашите животи има бои на смиреност, пожртвуваност и нежност.
Не е важно дали тој е одгледан во оваа или онаа религија – сè додека е воспитуван да го цени она што е свето и да знае да е таков во секој момент на животот и секој момент со тебе.
И на крај, мала моја, ако наидеш на таков маж и тој и јас немаме ништо заеднично, најважна работа ќе ни бидеш ти. Бидејќи, на крај, единствена работа која треба да го “држи заинтересиран” си ти.
Твојот вечно заинтересиран маж,
Тато