По што знаете дека сте дете од ‘90тите?
Се сеќавате на времето кога единствена комплицирана игра беше монополот, кога сите слатки лижавчиња и мастики имаа несекојдневни облици, кога многу лесно беше да се заиграте со малиот чибичан?
Вие дефинитивно сте дете од ‘90тите, а тоа ќе ви го потврдат и следниве нешта кои ќе ви разбудат прекрасни спомени...
Сè се решаваше со лист - камен - ножички. Не е ни чудо ако до ден денес некои одлуки носите благодарение на овој трик. Кога едноставно нема начин, постојат листот, каменот и ножичките.
Слушавте радио само за да направите сопствена компилација на касета. Касети за журки, касети за Денот за вљубените, касети за одмор... И за да ја направите секоја компилација од 6 до 10 песни губевте неколку часа во денот преслушувајќи ги хитовите на радио. И сепак беше позабавно од Јутјуб!
Лижавчињата имаа форма на дијамантски цуцли и беа непроценето детско богатство. На каса секогаш беа наредени повеќе големини и бои за да ја одберете омилената. И да не сте ги вкусиле, сигурно сте ги собирале затоа што изгледаа така симпатично.
Колку и да бевте мали или големи во ‘90тите, жетоните во чипсови и други грицки беа нешто што секој го разменуваше на улица или го вртеше по рамни површини. Натпревари, навивања, губења и победи...
Макарена мора да ја знаете на памет! И не само тоа, сигурно и кореографијата ја игравте на големиот одмор, меѓу часови и во слободно време кога и да ви текне. И професионалните танчери изгледаат здодевно покрај Макарена.
Војните со балони полни со вода сигурно не сте ги заборавиле. Кога и да имавте шанса удиравте по коли и по комшијата кој никако да го засакате? А, кога некој поголем од вас ќе ве намокреше од глава до петици, трчавте дома расплакани? Сепак, среќни сте што сте ги искусиле овие водени битки.
Сигурно имавте барем еден чибичан. И станувавте во 3 наутро, само за да го најадете? Го чувавте под перница? Го проверувавте на секои 5 минути да не случајно му се случи нешто? Тој засекогаш ќе остане вашето прво и омилено “милениче”.
Тајно посакувавте Џуманџи да биде вистинска игра. Бевте опседнати со лажната верзија и филмот го имате гледано преку 10 пати? Не сте ниту први ниту последни. Сите деца од ‘90тите тајно посакуваа да се претворат во мајмунче преку ноќ и да бркаат диви животни.
Пред напредната технологија имаше еден и единствен начин да изгледате филм, а тоа беше исклучиво позајмената или изнајмената ВХС касета. Само таа можеше да ве натера да седите во едно место и да чекате повеќе од 5 минути додека се врати на почетокот. А, ако последниот што ја изнајмил не ја премотал...
Сите се будевме за цртаните кои се емитуваа во 8 часот наутро. И тогаш појадокот го заборававме, само затоа што сакавме да се дружиме со брканиците на Том и Џери или остроумниот Пинк Пантер.
Убави спомени, нели?