Најмудрите детски одговори
Речиси сè што ќе прочитате подолу е точно и генијално, а произлезено од мали, минијатурни глави. Сепак, децата се најчестиот извор на мудроста, па не е ни чудо што имаат многу одговори вредни за паметење.
Што е детство?
- Тоа е мојот живот кога сум бил мал.
- Тоа го добиваме кога ќе се родиме, па потоа проаѓа.
Што е пубертет?
- Неизлечлива болест. И доба кога ти растат мустаќи преку ноќ.
- Пубертет е живот составен од глупости.
- Тоа е кога престануваш да бидеш девојче и можеш слободно да се шминкаш.
Што е одговорност?
- Одговорност е кога го наговараш другарот да не учи за да си играте.
Како се прават бебиња?
- Тие се прават од бабиците во породилните соби.
- Срамота ми е да кажам бидејќи тоа е безобразна работа.
- Се прават навечер, па затоа и мижат кога се раѓаат.
- Тоа е една глупава работа за која се прима детски додаток.
- Бебињата се прават од штрковите или од зелка. Кој како сака.
- Бебињата се прават кога си добар. Родителите ќе ти родат братче, а потоа тој е главен па ти џабе си бил добар.
Што е хоби?
- Хоби е нешто бесплатно што те чини скапо.
- Мое хоби е да го расипувам телевизорот.
Што е хороскоп?
- Хороскоп е она кога децата се добро обучени па ја пеат истата песна во повеќе гласови.
Што е политика?
- Тоа е убав збор за лоша работа.
- Тоа се луѓе кои чудно зборуваат за другите да мислат дека се паметни.
- Тоа е кога чичковците во одделите лажат пред целиот свет, а овие им ракоплескаат.
Што е Југославија?
- Југославија е ова каде што живееме, но веќе не постои.
- Кога нешто имаш па немаш, тогаш тоа е Југославија.