Разликата меѓу богатите и сиромашните
Еден ден. еден човек кој потекнуваше од богато семејство, го поведе својот син на патување низ земјата, со цел да му покаже како луѓето сиромашно живеат и дека треба да е среќен што има богат татко. Тие отидоа на една фарма и таму останаа неколку дена, за да малото момче почувствува колку е тешко да се живее во тие услови.
Кога се враќаа назад, кон домот, таткото го запраша своето синче: „Па, сине како ти се допадна патувањето?”
„Одлично беше тато” – му одговори замислено детето.
„Дали виде како живеат сиромашните луѓе сине?” – повторно запраша таткото
„О, и те како видов и почувствував” – рече малиот.
„Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме базен кој достига до пола од нашата градина, а тие имаат поток кој нема крај. Ние имаме скапи стаклени фенери кои се палат кога ќе падне ноќ, а тие имаат цело небо со ѕвезди. Ние имаме мермерна патека од задната до предната градина, а тие имаат цел хоризонт. Ние имаме парче земја, а тие имаат цветни полиња за трчање. Ние имаме слуги, а тие им служат и помагаат на други. Ние ја купуваме нашата храна во пластични пакувања, а ним им расте насекаде. Ние имаме ѕидови околу нашиот имот за да не заштитат, а тие имаат пријатели кои ги штитат.”
Додека таткото засрамен и затечен од одговорот сфаќаше дека освен пари, тој ништо му немаше друго дадено на својот син, детето додаде:
„Ти благодарам тато што ми покажа колку сме сиромашни!”