Во наше време...

Само постари лица од 50 години ќе се поистоветат со оваа приказна. Помладите може само да се обидат да ја разберат еколошката свест која била сеприсутна во минатото.

prikazna-ekolosko-dvizenje-1

На каса во супермаркет постара госпоѓа бара пластична кеса за да го спакува она што го купила.

Касиерката доста искрено и пререкла дека пластичната кеса не е во ред од еколошки аспект:

- Вашата генерација не го разбира еколошкото движење. Сега ние младите мора да правиме сè за да го поправиме она што вашата генерација го уништила.

Госпоѓата најљубезно и возвратила на касиерката:

- Жал ми е, во мое време немаше еколошки движења.

- Да, рекла благајничката, вашата генерација воопшто не се грижела за заштита на околината.

Сепак малку вознемирена, госпоѓата започнува да раскажува:

Во мое време ги враќавме празните шишиња од млеко, минерална вода, пиво и вино во продавница, која ги враќаше во фабриката за повторно полнење. Шишињата беа рециклирани, а ние не ни знаевме дека тоа е за подобрување на екологијата. Во наше време не се возевме со ескалатори, туку се искачувавме по стотици скалила.

Не палевме автомобили за еден километар, туку пешачевме или возевме велосипеди. А не знаевме дека тоа е добро за еколошкото движење. Не знаевме за пелени за еднократна употреба; ги перевме пелените, а ги сушевме на коноп развлечен помеѓу две дрва. Не знаевме дека постои машина за сушење на облека. Наша сушална беше сончевата светлина и ветерот.

prikazna-ekolosko-dvizenje-2

Ги крпевме облеките за деца кои ги носеа генерации потоа, немаше никакви собирања и препродавања. Имавме само по еден телевизор и радио во куќата, а не по еден во секоја соба. Имавме саат на рачно навивање, а во кујната сè правевме рачно наместо да трошиме струја за да изматиме јајца или замесиме тесто.

Немавме електрични машини за косење на тревата, старата коса беше доволна кога требаше да се среди дворот. Работевме физички и немаше потреба да одиме во фитнес клубови за да изгубиме некој килограм и да трчаме на справа која троши многу струја. Имавме еден телефон во куќата, а не по еден во секој џеб. Но, вистина е, не знаевме што е тоа еколошко движење.

Водата ја пиевме од чешма или од цистерни, од рака или стаклена чаша наместо од пластични шишиња кои сега се расфрлани по улиците. Нашите мажи се бричеа со жилети кои траеја со месеци, а не со машинки на струја. Луѓето се возеа со автобуси и возови, а децата одеа пешки до училиште. А не како сега, со посебни автомобили за секој полнолетен член од семејството.

Ги носевме истите ранци во текот на целото школување, а не како денес – различни чанти за различни денови. Нашите книги им служеа на генерациите после нас, па и на нашите деца, наместо секоја година да купуваме нови.

Затоа, престанете да се удирате во гради и да кажувате како вашата еколошка свест е на највисоко ниво!

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg