Како што подостарев... (3)

Со текот на времето и годините, нештата кои ни ги кажувале одеднаш добиваат смисла. Одеднаш сфаќаме дека разочарувањата и не се нешто неочекувано, како што и радоста и љубовта се нештата за кои живееме.

kako-sto-podostarev-01

Не пропуштајте ги првиот и вториот дел од Како што подостарев.... пред да го прочитате третиот дел:

Како што подостарев...

- Научив дека без разлика колку се грижиш за некој, едноставно тој не знае да возврати.

- Научив дека потребни се години да ја изградиш довербата, а само секунда да се сруши.

- Научив дека без разлика колку некој ти е добар пријател, некогаш ќе те повреди, а ти ќе мораш да му простиш за тоа.

- Научив дека не се работи за тоа колку имаш во животот, туку кој имаш во него.

- Научив дека никогаш не треба да уништиш нечие извинување со некој изговор.

- Научив дека нешто што можете да го направите за секунда, ќе ви создаде главоболка за цел живот.

- Научив дека ќе ми биде потребно многу време додека да станам личноста која посакувам да бидам.

- Научив дека секогаш треба да ги испраќаш саканите со убави зборови. Можеби тоа е последен пат како ги гледаш.

- Научив дека можеш да продолжиш понатаму дури и кога мислиш дека не можеш.

- Научив дека единствено ние сме одговорни за она што го правиме, без разлика на тоа како се чувствуваме.

- Научив дека или ќе го контролираш своето однесување или чувствата ќе ја имаат целосната контрола врз тебе.

- Научив дека страста, на која се базира врската во почетокот, избледува. Затоа подобро е да ја базираш својата врска на друго чувство освен страст, кое ќе трае.

- Научив дека хероите се луѓе кои ќе го сторат она што мораат, без разлика на последиците.

- Научив дека со најдобриот пријател можеш да не правиш ништо, и повторно да поминеш прекрасно.

- Научив дека од оние што очекуваш да те бутнат подолу во поразот, се оние кои ти помагаат да станеш.

- Научив дека кога сум лут/а имам право да сум лут/а, но не и суров/а.

- Научив дека ако некој не те сака на начин на кој очекуваш, тоа не значи дека не те сака со сè што има.

- Научив дека зрелоста е моментот кога имаш повеќе искуство, отколку што имаш години.

- Научив дека колку и да звучи страшно, семејството нема секогаш да биде до тебе. Семејството не е биолошки поврзано, во него спаѓаат и оние кои не се крвно поврзани, па повторно те учат како да веруваш и сакаш само за твое добро.

- Научив дека не е доволно да им простиш на другите. Понекогаш мора да си простиш и себеси.

- Научив дека без оглед на тоа колку си повреден, светот не застанува заради твојата болка и тага.

- Научив дека нашето минато и околностите имаат влијание врз она што сме, но единствено ние сме одговорни за она во што можеме да прераснеме.

- Научив дека богат е оној човек кој има најмногу, но потребно му е најмалку.

- Научив дека само заради тоа што некој се кара, не значи дека не се сака. Или обратно.

- Научив дека нема потреба да ги менуваме нашите пријатели, ако можеме да прифатиме дека тие се менуваат.

- Научив дека не секогаш треба да сте желни да откриете некоја тајна. Тоа може да ти го промени животот.

- Научив дека луѓето може да гледаат во една иста работа, а да гледаат нешто сосема различно.

- Научив дека и тогаш кога мислиш дека веќе немаш сила, ќе најдеш барем малку за да му помогнеш на пријателот во неволја.

- Научив дека луѓето со кои си најповрзан се оние кои си одат прерано од животот.

- Научив дека нешто најтешко во животот е воедно да ја кажуваш вистината без да повредиш нечии чувства и да веруваш во тоа.

Како што подостарев, научив дека луѓето можеби ќе заборават што си кажал или што си направил, но никогаш нема да заборават како си направил да се чувствуваат.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg