Како што подостарев...(2)

Како поминуваат годините, почнав да сфаќам некои работи. Животот тече, колку побрзо ги откриеме неговите убавини и живееме без правила, толку повеќе ќе уживаме во секој момент.

kako-sto-podostarev-2

Во продолжение на првиот дел на Како што подостарев :

- Како што подостарев, сфатив дека не постои подобар училишен час од оној кога седиш и разговараш со постара личност.

- Сфатив дека никогаш не смееш да кажеш „не“ на подарок од дете.

- Сфатив дека кога си заљубен, целиот свет може да го забележи тоа.

- Сфатив дека најсмирено чувство на светот е кога детето ќе ти заспие во твојата прегратка.

- Сфатив дека не постои пријателство меѓу маж и жена, но само тогаш кога меѓу нив има и мала привлечност.

- Сфатив дека нема ништо поубаво од моментот кога некој ќе ти каже „ми го разубави денот“.

- Сфатив дека без оглед на сериозноста која ти ја наложува животот, секогаш ти се потребни пријатели со кој ќе можеш да се изглупираш до максимум, и следниот ден да имаш грижа на совест.

- Сфатив дека малите секојдневни случки ни го прават животот исполнет и значаен.

- Сфатив дека не можеш да го заборавиш сето она што ти се случувало во минатото, но можеш гордо да чекориш во иднината.

- Сфатив дека под маската може да се крие топло срце кое сака да биде ценето и сакано.

- Сфатив дека одмаздата е непотребна. Така само ќе дозволите истата личност да продолжи да ве повредува.

- Сфатив дека љубовта е таа која ги лечи раните. Не времето.

- Сфатив дека никој не е совршен, се додека не се заљубиш во него. Тогаш си свесен за неговите недостатоци, но сепак не ги гледаш.

- Сфатив дека кога ги поздравуваш луѓето со насмевка, ги облева топлина длабоко во душата.

- Сфатив дека колку помалку време имам, толку повеќе работи можам да направам.

- Сфатив дека ништо не е поважно од пријателите. Никогаш не дозволувај да не се видиш со нив заради работни обврски.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg