Приказна: Мокрите панталони

Седејќи во училиште, едно 9 годишно детенце одненадеж забележа мокра локва помеѓу неговите нозе и како предниот дел од панталоните е мокар. Помисли дека срцето ќе му застане бидејќи не можеше да разбере како тоа му се случува.

prikazna-mokrite-pantaloni-01

Не се случило никогаш порано, а и знаеше дека кога момчињата ќе видат што се случило нема да сакаат ни да го слушнат крајот на приказната.

Кога девојчињата ќе откријат, тие никогаш нема да му прозборат.

На момчето не му се веруваше, за момент посака времето да застане. Само тивко, незабележливо, ја наведна главата и се помоли „Те молам Господе, ова е итен случај! Ми треба помош веднаш! За пет минути од сега, ќе бидам избрукан.“

Ја крена главата. Ја здогледа наставничката како му се приближува сè повеќе, со загрижен израз на лицето. Знаеше дека е разоткриен.

Како што наставничката се приближуваше, неговата соученичка Марија носеше златна рипка во голем стаклен сад полн со вода. Таа одненадеж се сопна од наставничката и го испушти садот со вода веднаш над својот соученик во неволја.

Момчето се претвораше дека е луто, но во себе само се заблагодаруваше: „Ти благодарам! Ти благодарам Господе за ова!“

Сега, сосема за кратко време, момчето стана предмет на сочувство, наместо на исмевање. Наставничката побрза да му донесе чисти, суви шорцеви и маичка, додека старите не се исушат.

За миг неговите соученици се најдоа на коленици, чистејќи го нередот околу неговата маса.

Но, како и во секоја останата ситуација – кривецот мора да постои. Овој пат Марија беше исмевана и обвинувана за она што и се случи. Таа проба да помогне, но и рекоа што побрзо да излезе од училницата. „Доволно направи за денес Марија“ ја прекорија речиси сите.

Конечно, на крајот од денот, кога сите деца го чекаа автобусот, момчето и се приближи на Марија и прошепоти, „Намерно го направи тоа, зар не?“.

Таа без размислување му одговори „И мене ми се случи истото пред извесно време“.

Поуката:
Секој од нас поминува низ добри и лоши нешта во животот. Секогаш потсетувајте се како сте се чувствувале во лошите моменти и сте преколнувале некој да ви помогне. Секогаш обидете се да ја разберете ситуацијата и без објаснување. Помогнете на секој можен начин кога на некој очајно му е потребна вашата помош. Можеби еден ден и вие ќе се најдете во ситуација каде што ќе молите за помош, и токму тогаш ќе ви се врати доброто дело од минатото.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg