Девојчето со кибритчињата

Една од најубавите приказни од детството е приказната за „Девојчето со кибритчињата“, прекрасно дело на Ханс Кристијан Андерсен. Секогаш успева да ни ги насолзи очите, да нè потсети за значајните работи во животот, да нè врати во детството и школските клупи кога уживавме во убавите сказни. Наша желба е да си ја сочуваме оваа преубава приказна за да може да си ја прочитате во секое време...

devojceto-so-kibritcinjata

Ужасно студено беше надвор, снегот паѓаше без престан во глувата ноќ.

А беше Нова година. Низ пустите и студени улици осамено, скиташе сиромашно девојче. Босоного и без шапка на главата. Кога излезе од дома имаше на себе некакви папучки, но тие не беа нејзини. Едноставно беа преголеми за нејзините мали, нежни нозе и ги загуби некаде по пат во длабокиот снег.

Продолжи боса по снегот, а стапалата веќе и беа помодрени од мразот кој беше секаде наоколу. Во рацете носеше сноп кибритчиња, но денес не продаде ни едно единствено кибритче.

Сиротото девојче се тресеше од студот, гладна и премрзната.

Снегулките паѓаа врз нејзината прекрасна долга коса. Русите плетенки и го обвиткуваа вратот, но таа никогаш и не помислување на нив. Од сите прозорци излегуваше светлината на свеќите, а наоколу се ширеше прекрасниот мирис на печени гуски и мисирки. Таа знаеше, вечерва е Нова година.

Се склупчи во аголот кој го формираа ѕидовите на две соседни куќи. Ги допре своите мали, боси стапала едно до друго во надеж дека барем малку ќе ги стопли во таа смрзнувачка ноќ. Студот и навлегуваше во коските.

Да си оди ли дома? Без продадено кибритче?

Не!!!

Нема да оди. И дома е исто така студено и темно. Татко и сигурно повторно ќе ја тепа бидејќи денес, не продаде ни едно кибритче и не донесе ни една паричка дома.

Прстите и беа премрзнати и вкочанети. Едно кибритче сигурно ќе ме затопли си помисли. Само кога би смеела да запалам барем едно кибритче. Само кога би имала малку смелост да го сторам тоа. Студенилото ја совладуваше.

Извлече едно дрвце и го запали.

Светлиот пламен блесна во аголот. Беше тоа прекрасен пламен. Русокосата душичка за момент почувствува дека седи покрај еден голем камин и го слуша пукотот на огнот од дабовите трупци. Ги пружи премрзнатите ноџиња кон огнот, но тој изгасна. Го снема. Повторно завладеа мракот и студенилото наоколу.

Извди уште едно кибритче.

Овој пат блесокот ја одведе на голема убава маса со бел чаршав. Масата беше спремна за новогодишната вечера. Пред неа беше прекрасниот порцелански сервис. Мисирката беше на средина на масата, украсена со јаболка и сливи. Токму кога посака да ја вкуси, пламенот повторно исчезна.

Кутрото девојче, толку беше блиску, но сето тоа го снема.

Одново запали кибритче. Сега седеше до новогодишната елка, која блескаше во светлината на илјадниците свеќички на неа. Светлоста одеше нагоре, нагоре високо се дури до небото. Погледна во висината и ги виде ѕвездите на небото. Виде како падна ѕвезда.

„Некој штотуку умре“ помисли девојчето. Се сети на нејзината баба.

Единствената личност која неизмерно и искрено ја сакаше. Но, таа повеќе не е тука. Таа замина, онака како што и раскажуваше за ѕвездите коиж паѓаат. Нејзината баба е сега таму Горе, кај Севишниот.

Против својата воља запали ново кибритче. Овој пат нејзината баба беше пред неа. Јасно ја виде во темнината. Го почувствува нејзиниот топол и мил допир.

„Бабо, најсакана моја“ викна низ солзи малата душичка.

„Земи ме со тебе. Знам дека ќе заминеш заедно со пламенот на ова дрвце, како што замина и каминот и мисирката, и елката затоа земи ме со тебе.“

Го запали целото преостанато купче кибритчиња, за да се осигура дека баба и нема да ја напушти. Огнот беше прекрасен, толку силен и толку светол, посветол од било кое пладне што го имаше видено. Ја почувствува топлината и го виде прекрасниот лик на баба си. Баба и ја зеде во своите раце. Русокосото ангелче се најде во нејзината прегратка. Двете среќни заминаа Горе. Горе онаму каде никогаш нема студ, каде нема глад, каде нема немир, онаму каде што е Тој.

Изутрината околу аголот беа собрани неколкумина случајни минувачи. Го гледаа премрзнато девојче навалено на ѕидот. Нејзините образи се уште беа розеви, а насмевката го покриваше нејзиното невино лице.

„Сакала само да се згрее“ тивко зборуваа луѓето. Никој од нив не ни помислуваше колку прекрасни работи малечкото ангелче виде таа ноќ. Никој од нив не можеше ни во сон да ја замисли убавината каде таа и нејзината баба влегоа понесени од радоста која ја донесе за нив таа новогодишна ноќ.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg