Изгубен ден

Си била во еден град една улица во која се наоѓале само дуќани. Сопствениците на дуќаните живееле и работеле во коректни и фер услови.

izguben-den

Секој ден во исто време сите заедно ги отворале и затворале своите дуќани, а потоа си оделе дома.

Еден од сопствениците секоја вечер додека го затворал дуќанот, говорел:

- Изгубив уште еден ден.

Бидејќи тоа се повторувало секоја вечер, неговите колеги заклучиле дека лошо му оди трговијата и со намера да му помогнат на својот колега, се договориле утредента сите да му праќаат муштерии, за и нему да му тргне работата.

Така и било. Утредента, кога некој ќе дојдел да купи нешто, сите сопственици го праќале во тој дуќан. Кога дошло време дуќаните да затворат, тој ист сопственик повторно затворајќи ја вратата од својот дуќан изговорил:

- Изгубив уште еден ден.

- Е па сега претера, повикале во еден глас останатите сопственици - цел ден сите муштерии ги праќавме да пазарат само кај тебе, а тебе пак ти е малку иако заработи колку сите ние заедно!

- Е пријатели мои им одговори стариот продавач, имам јас пари да ве купам вас и вашите дуќани, не е работата во парите. Пари имало и ќе има, но овој, ваков - денешниов ден кој заврши, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ.

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg