Не се за продажба
Млад брачен пар влегува во најубавата продавница во градот. Мажот и жената долго време ги набљудувале шарените играчки наредени на полиците сè до таванот, во весел неред на клупите.
На нив имало кукли кои се смеат и плачат, електронски игри, минијатурни кујни кои подготвуваат пици и торти.
Не можеле да се одлучат. Им приоѓа млада и отмена продавачка.
„Видете“, и објаснува жената, „ние имаме мало девојче, но двајцата сме отсутни по цел ден, а често пати и навечер“.
„Се работи за девојче кое ретко се смее“, се обидел да и објасни мажот.
„Би сакале да и купиме нешто што ќе ја направи среќна и кога ние нема да бидеме дома, објаснила жената. Нешто што ќе ја развесели кога ќе биде сама“.
„Жал ми е“, се насмевнала љубезно продавачката. „Ние не продаваме родители!“
Поуката сами извлечете ја!