Одговорот на богаташот: Еве зошто нема да се оженам со спонзоруша

Решена да пронајде богаташ, млада и убава девојка побарала помош од еден деловен онлајн форум, а како стојат работите и ги објаснил лично директорот на една голема финансиска корпорација.

odgovorot-na-bogatasot-eve-zosto-nema-da-se-ozenam-so-sponzorusa01.jpg

Девојката која одлучила да побара богат сопруг со помош на онлајн пост, неодамна добила одговор и тоа од директорот на финансиската корпорација Ј. П Морган, кој за кратко време станал хит на Интернет.

„Млада и убава девојка“ како што се опишала на форумот, поставила прашање што треба да направи за да се омажи за богат маж.

odgovorot-na-bogatasot-eve-zosto-nema-da-se-ozenam-so-sponzorusa-1

Прашањето гласело вака:

„Ќе бидам искрена во се што ќе напишам овде. Имам 25 години и многу сум убава. Имам стил и добар вкус. Желба ми е да се омажам за човек кој заработува најмалку 500 илјади долари годишно. Можеби мислите дека сум алчна, но според мене заработката од милион долари годишно во Њујорк спаѓа во средната класа.

Моето барање е разумно. Дали на овој форум има некој со годишна плата од 500 илјади долари, а да не е оженет? Ако има, за него имам едно прашање: што треба да направам за да се омажам за тебе?

Оние кои до сега ги запознав заработуваат најмногу 250 илјади долари годишно и тоа е изгледа мојата горна граница. Ако некој сака да се пресели во резиденција во западен Њујорк, 250 илјади долари годишна заработка, не се доволни.

Поради тоа, овде понизно поставувам неколку прашања:

  1. Каде најчесто се движат богатите ергени? (да се наведат адреси на барови во кои што излегуваат)
  2. На која старосна група треба да целам?
  3. Зошто повеќето сопруги на богаташите се со просечен изглед?
  4. Како одлучувате која ќе биде вашата сопруга, а која само девојка?


Госпоѓица „Убава“.

odgovorot-na-bogatasot-eve-zosto-nema-da-se-ozenam-so-sponzorusa-2

На госпоѓицата одговорот и стигнал набргу и тоа лично од директорот на корпорацијата Ј.П. Морган:

„Го прочитав твојот пост со голем интерес. Постојат многу девојки кои што имаат слични прашања како твоето. Дозволи ми да ти одговорам од професионална гледна точка. Мојот годишен приход е поголем од 500 илјади долари, што ги задоволува твоите потреби.

Од гледна точка на деловен човек, одлуката да се оженам со тебе би била лоша. Да ги оставиме поединостите на страна и да се обидеме тоа да го гледаме како размена на „убавина“ за „пари“. Личноста А дава убавина, додека личноста Б таа убавина ја плаќа со пари.

Меѓутоа, овде постои еден сериозен проблем. Твојата убавина ќе ја снема, а моите пари не, барем не без некоја посериозна причина. Факт е дека мојот приход може да се зголемува од година во година, додека ти од година во година нема да можеш да бидеш поубава.

Затоа, од економска гледна точка, јас сум имотот, а ти амортизација на имотот. Ако твојот имот е само убавината, таа за десет години нема да вреди ништо. Со речникот на „Вол Стрит“ секоја трговија има почетна точка, а излегувањето со тебе е „почеток на трговијата“.

Ако трговската вредност на нешто паѓа, ние ќе го продадеме бидејќи не е добра идеја долгорочно да држиме нешто што пропаѓа. Можеби ова ќе звучи грубо, но со пропаѓањето на твојата убавина бизнисменот ќе те продаде или ќе те даде под „закуп“.

И внимавај девојко, оној кој заработува 500 илјади долари годишно не е будала. Можеби ќе излезе со тебе, но нема да се ожени со тебе. Би те посоветувал да се откажеш од твојата потрага по богат човек.

Инаку, и самата можеш да станеш успешна и да заработуваш 500 илјади долари годишно. За тоа имаш поголеми шанси отколку да се омажиш за богата будала“.

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg