Приказна – Кутија
Почетокот на приказната оди далеку во минатото, кога некој маж ја казнил својата пет годишна ќерка затоа што изгубила некој многу драгоцен предмет, а пари во тоа време имало многу малку.
Дошол Божиќ. Следното утро девојчето му донеслo мал подарок на својот татко и му реклo: „Тато, ова е за тебе“.
На таткото му било непријатно, а кога ја отворил кутијата и видел дека внатре нема ништо, многу се налутил.
Ја прекорил ќеркичката: „Дали знаеш дека ако подариш нешто, се очекува во кутијата да има нешто?“
Девојчето жално го погледнало својот татко и со солзни очи му реклo: „Тато, но таа не е празна. До врв ја наполнив со бакнежи само за тебе“.
Таткото бил трогнат. Клекнал пред ќеркичката, ја гушнал силно и ја замолил да му прости.
До крајот на животот ја чувал таа скапоцена кутија покрај креветот и секогаш кога се чувствувал изгубено и беспомошно, ја земал, ја отворал и од неа земал еден невидлив бакнеж и се сеќавал на љубовта од ќеркичката.
Секој од нас има кутија полна со бакнежи и љубов, која ни ја подаруваат пријателите, децата....
Не постојат поважни работи кои би можеле да ги добиеме.