Бескорисен живот
Некој земјоделец остарел толку многу што повеќе не можел да работи на полето. Па така деновите ги поминувал седејќи на тремот пред куќата и уживајќи во тишината.
Неговиот син, кој работел на фармата од време на време го погледнувал татко си кој што си седел таму. „Татко ми не е корисен повеќе“ - си помислувал синот во себе си... „ништо повеќе на прави!“
Еден ден синот толку се изнервирал од ова, што набрзина направил дрвен ковчег, го довлечкал до тремот и му рекол на татко си да влезе во ковчегот. Без да рече ништо таткото влегол внатре.
Откако го затворил капакот синот го одвлечкал ковчегот на работ од фармата каде што имало голема бездна. Како што се приближил до неа слушнал нежно потчукнување од внатре од ковчегот. Го отворил. Лежејќи мирно, таткото го погледнал синот.
„Знам дека ќе ме фрлиш во бездната, но пред да го направиш тоа може да ти предложам нешто?“
„Што?“ прашал синот.
„Фрли ме во бездната, ако сакаш,“ рекол таткото, „ама зачувај го овој добар дрвен ковчег. Можеби ќе им притреба на твоите деца.“