Приказна - ТАТКО И СИН

Таткото се враќа од работа и го гледа својот шестгодишен син застанат пред влезната врата, се поздравиле и малиот рекол:

prikazna-tatko-i-sin

- Тато, смеам ли да те прашам нешто?

- Да, секако, кажи...- рекол таткото.

- Тато, а ти колку заработуваш на час?

- А, што тебе те интересира тоа - дури налутено рекол таткото.

- Само сакав да знам, те молам тато, одговори ми!

Откако таткото конечно му кажал на синот дека заработува 50 долари на час, малечкиот ја спуштил тажно главата.

Но, пак го погледнал татко му и прашал:

- Тато, те молам, можеш ли да ми позајмиш 25 долари?

Татко му веќе бесен, почнал да вика дека ако таа била причината што го чека пред врата, треба да се засрами, да бара пари за неговите детски глупости, зар тој работи напорно секој ден за детски лудории и играчки....

Го испратил синот право во соба и му рекол да размисли малку за неговото себично однесување. Момчето тивко, без збор заминало во собата. Таткото продолжил налутено да коментира и да се чуди на денешните деца.

По некое време, се качил во соба и прашал, сега веќе посмирено:

- Да не заспа сине?

- Не тато, буден сум... - одговорило момчето.

- Извини, можеби бев престрог кон тебе.

- За што конкретно ти требаа тие 25 долари?

Не е важно, еве земи! - и му ги подал парите на детето.

- Многу ти благодарам тато!

- Пресреќен извикал синот и со раката извадил купче згужвани банкноти од под перницата. Сега веќе татко му пак се налутил зошто бара пари кога веќе има и повеќе од доволно за толку мало дете.

- Не, немав доволно тато! - рекол синот.

Сега имам точно 50 долари.

Може ли да купам еден час од твоето време, тато?

Те молам, дојди си утре порано, сакам да вечераме заедно!

Што направил потоа таткото - претпоставете сами.

Сами завршете ја приказнава онака како што мислите дека треба да заврши, но не заборавајте:

Ако умреме утре, компаниите за кои работиме лесно ќе нè заменат.

Но, на семејството и на пријателите кои ќе останат зад нас, ќе им недостасуваме до крајот на животот!

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg