20 нешта кои сите ги сакаме
Постојат некои работи кои навистина сите ги сакаме. Тоа се оние моменти кои вака на прв поглед се мали и безначајни, но во кои навистина уживаме со сите сетила.
Ова се 20 моменти кои се нашиот избор, секако дополнете не во коментарите:
1. Моментот кога седите во ресторан многу гладни и го гледате како доаѓа келнерот кон вашата маса, пред да ви ја стави чинијата пред вас.
2. Силно и гласно смеење до степен останување без глас и воздух.
3. Мирисот на свежо искосена трева.
4. Менување на каналите додека има реклами, и враќање на програмата баш кога завршиле рекламите.
5. Кога батерии се вклучени со производот кој го купуваме.
6. Кога пријателите се осигураат дека сте стигнале безбедно дома откако сте ја поминале вечерта заедно.
7. Кога имате чувство дека некоја песна била напишана токму според вашиот живот.
8. Да цртаме по замаглени стакла на огледалото.
9. Кога ќе пронајдеме нешто што сме го загубиле многу одамна.
10. Кога ќе сфатите дека се уште го памтите телефонскиот број на првата љубов од детството.
11. Да го славиме роденденот на нашите миленичиња иако тие немаат појма што се случува.
12. Чувството кога сте на одмор и не знаете кој ден и датум е.
13. Да се види заљубена двојка во години...
14. Кога сте мртви уморни доцна во ноќта, а имате за учење или работа и гласно се смеете на се и сешто.
15. Мултитаскинг додека ги миете забите.
16. Ладната страна на перницата.
17. Кога некој ќе ти ја даде последната мастика.
18. Кога ја ставаме раката надвор од прозорецот на колата за да не дува ветрот.
19. Кога ќе те прегрне некој кој одамна не си го видел, а ти значел премногу во животот.
20. Кога ќе си легнете во топол дом со саканата личност, во тишина, додека паѓа снег надвор...