Не ги одложувајте спомените
Еден 92 годишен старец, со добро држење, секогаш среден и дотеран, иако сосема слеп, се вселил во дом за стари лица.
Неговата седумдесет годишна жена неодамна починала, па за да не остане сам бидејќи му требала помош, се одлучил на ваков чекор.
После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена.
Додека одел кон лифтот, лицето за нега му опишало како изгледа неговата соба.
„Ми се допаѓа“, му рекол со ентузијазам и без да ја види собата.
„Господине, вие сè уште не сте во својата соба, почекајте уште малку" - рекло лицето вработено во домот.
„Тоа нема никаква врска со ова“, одговорил старецот, додавајќи:
„Среќата е нешто, за што одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе го распоредам своите мисли...
Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе ги отворам очите. Јас имам избор: можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат, или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сè уште функционираат.
Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени кои сум ги одложил. Староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле.
Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во вашата банка на спомени".