Дневникот на едно куче vs. дневникот на една мачка
Љубителите на животни најверојатно ќе се согласат со фактот дека кучињата се навистина најдобри пријатели, а мачките се повеќе себични и зли.
Кога би можеле да зборуваат и пишуваат, еве како би изгледал нивниот преглед на денот:
Дневникот на едно куче
Понеделник
8:00 - Јуху! Кучешка храна! Супееер!
9:30 - Јуху! Возење со автомобилот! Обожавам!
9:40 - Јуху! Шетање! Го обожавам тоа!
10:20 - Јуху! Возење со автомобилот! Го обожавам тоа!
11:30 - Јуху! Кучешка храна! Го обожавам тоа!
12:00 - Јуху! Деца! Го обожавам тоа!
13:00 - Јуху! Кучешка коска! Го обожавам тоа!
16:00 - Јуху! Деца! Го обожавам тоа!
17:00 - Јуху! Кучешка храна пак! Го обожавам тоа!
17:30 - Јуху! Мама! Го обожавам тоа!
18:00 - Јуху! Играње со топката! Го обожавам тоа!
18:30 - Јуху! Ќе спијам на креветот! Го обожавам тоа!
Дневникот на една мачка
Ден 185 од моето заробеништво
Моите заробувачи продолжуваат да ме прогонуваат и забавуваат со топчиња. Они јадат месо, додека јас сум приморана да јадам сува храна. Единствено нешто што ме одржува во живот е надежта дека ќе избегам и благото чувство на задоволство кога со канџите ќе уништам некој дел од мебелот. Утре можеби ќе изедам и некое од цвеќињава на госпоѓава.
Денес пропадна мојот план да ги убијам моите заробувачи така што им се вртев околу нозе додека они одеа, за малку ќе успееше, морам утре да пробам пак додека некој од нив стои на столот. Во обидот да ги одбијам од себе повратив на нивниот омилен стол, морам и тоа повторно да го пробам, но овој пат на нивниот кревет.
Ја откинав главата на еден стаорец и им го донесов неговото безживотно тело, за да им покажам што сум спремна да направам и да им влеам страв во коски. Иако, постојано збореа како сум била добра и фина мачка, уште и ми честитаа.
Хм...ништо не оди по планот. Вчера вечерта имаа некоја прослава. Јас бев сместена во другиот крај на куќата за да не можам да присуствувам, но сепак ја слушнав галамата и го осетив мирисот на храната. Што е уште поважно, слушнав како зборат за мојата моќ да предизвикам “алергија“. Морам да дознам што значи тоа и како да го искористам како моја предност...Ај ќе си легнам.