Никој не може да ја смени судбината
За време на една одлучувачка битка, еден Јапонски генерал одлучил да ги нападне непријателите иако неговата армија била помалобројна од онаа на противникот. Тој бил уверен дека ќе победат, но неговите луѓе многу се двоумеле.
По пат кон непријателот, застанале во некој храм. Се помолиле и генералот извадил паричка па им рекол на своите војници: „Ќе ја фрлам паричкава. Ако падне глава ќе победиме. Ако падне петка ќе изгубиме. Да видиме што ќе ни предвиди судбината.“
Ја фрлил паричката во воздух и сите внимателно ја гледале се додека не паднала. Било глава. Војниците толку се израдувале и исполниле со самодоверба, што многу храбро го нападнале непријателот и победиле.
После битката, некој поручник му рекол на генералот, „Никој не може да ја смени судбината.“
„Токму така,“ одговорил генералот и му ја покажал паричката на поручникот, која што на двете страни имала глава.