Мудра приказна: Упорноста на една мравка
Во текот на XIV век, во југозападна Азија, императорот Тамерлан (потомок на Џингис-кан) бил поразен во една битка и приморан да бега за да преживее.
Пронашол сигурност во еден амбар, додека непријателските трупи го пребарувале низ цело село. Додека лежел таму, очаен и обесхрабрен, Тамерлан набљудувал една мравка како пренесува зрно пченка од едниот до другиот ѕид. Зрното било многу поголемо од самата мравка.
Императорот броел колку пати мравката се обидувала да го пренесе зрното до другиот крај. Се вратила 69 пати. Кога го зела по 70-ти пат, конечно успеала да го истурка зрното до крај.
Тамерлан скокнал на нозе со нова сила и ентузијазам. Иако туку што бил поразен, се одлучил да почне од почеток – баш како оваа мравка. Тоа и го направил – ја реорганизирал војската и на крајот ги победил своите непријатели.
„Кога ќе бидете во тесно и сè ќе се сврти против вас, кога ќе дојде оној момент кога веќе не можете да издржите, не се предавајте, затоа што токму тука се наоѓа онаа точка каде започнува пресвртот“ – Хариет Бичер Стоу