Мераклиски „ајвар викенд“

Крајот на септември и почетокот на октомври, во нашата земја се обележани како периодот во кој се прави ајвар. Затоа како за почеток на работната недела ние решивме да му дадеме ударна позиција на ајварот затоа што навистина заслужува!

merakliski-ajvar-vikend

И покрај бројниот избор на купечки видови, факт е дека како домашниот ајвар, ниту еден не е вкусен и со мерак направен. А, и греота е да изумре и оваа наша традиција во која сме уживале со години наназад.

На кратко, како изгледа процесот на правење ајвар во едно Македонско семејство:

Недела пред „ајвар викендот“ мажот во фамилијата прави истражување на пазарите, каде има најдобар пипер, која цена, дали тие што се од внатрешна страна на вреќата се исчукани, дали е струмички, благ, зелен. Оние кои сакаат да добијат на количина додаваат и модар патлиџан и морков (ама тоа не е тоа).

Откако ќе се направат набавките најдоцна до четврток, се информираат бабите, тетките, братучетките, комшиите и комшиките дека викендот ќе можат да повелат на помош во печење, лупење и мешање пиперки.

Петок после работа, брзо, брзо, домаќинката оди дома. Се бришат пиперките, а за да си ја олеснат работата, ги отстрануваат семките и рачките од пиперките.

Саботата рано сабајле се местат ќумбињата, едно, две може и три ако најдете од комшии. И започнува процесот на печење и греење пред ќумбе. Тука се вртат еден куп муабети со сите кои помагаат, си поткаснуваш по некоја пиперка ус пат, се мачиш да ги потпалиш дрвата. Добро испечените пиперки се ставаат во ќеси да се спурат за полесно да се лупат вечерта.

Лупењето можеби е и најмакотрпната работа. Особено кај оние недопечените пиперки. Ќе се мачиш, ќе се мачиш, и пак на крај ќе ја шлапнеш да се цеди со лушпи.

Откако ќе отстојат преку ноќ пиперките и ќе се исцедат, неделата сабајле, следи мелењето.

Тука најчесто помага машка рака, а мерак имаат и децата.

И конечно, пржењето на ајварот и долго мешање. Уште некој саат пред ќумбе, на смени меша таткото, мајката, бабата, комшијата, малите дечиња...

Откако ќе биде готов – најслаткото. Полнење на теглите и мацкањето од тенџерето. Нема подобра слика од цела фамилија, со леб во раце нагрната над тенџерето и ги мацка остатоците од ајварот по него.

Најчести последици од ајвар - викендот се болки во кичмата од висење над ќумбето додека печете, болки во половината – од лупењето и болки во нозете од стоење над ќумбето додека мешате. Но, сите овие исчезнуваат во моментот кога ќе мацнете во тенџерето на вашето ремек дело!

И, да, правењето ајвар е една од ретките случувања во кое со мерак ужива целото семејство. Да си ја сочуваме барем оваа традиција, па ако ништо повеќе годинава направете барем од 30кг пиперки домашен највкусен ајвар!

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg