Пријателките се најскапоценото нешто на светот
Една млада жена која туку што се омажила, отишла на гости кај мајка си. Седеле во дневната, пиеле леден чај и разговарале за животот, бракот и одговорностите на зрелите луѓе.
Мајката замислено ги промешала коцките мраз во чашата и јасно и трезвено ја погледнала ќерка си.
„Немој да ги заборавиш своите пријателки“, рекла додека ливчињата од чајот паѓале на дното на чашата.
„Тие ќе ти бидат се поважни како што ќе старееш. Колку и да го сакаш својот сопруг и своите деца, тие ќе ти бидат потребни. Сети се повремено да излезеш и да се дружиш со нив. И запомни, твоите пријателки не се само пријателки, тие се твои сестри, ќерки. Ќе ти бидат потребни други жени! На жените секогаш им се потребни други жени!“
„Каков блесав совет мамо“, помислила младата жена. „Па нели само што се омажив и зачекорив во светот на паровите? Јас сум возрасна. Не ми треба секој ден да оговарам со пријателките. Сопругот и децата се нешто што ќе ми дадат смисла на животот“.
Но, сепак ја послушала својата мајка и продолжила да одржува контакти со своите пријателки.
Како што поминувале годините, таа полека почнала да сфаќа дека мајка и точно знаела што зборува.
Како што времето и природата носат промени и мистерии во животот на секоја жена, пријателките остануваат најголема потпора. По 40-тата година од животот, еве што научила:
Времето поминува.
Животот се случува.
Дистанцата не’ раздвојува.
Децата растат.
Љубовта бледнее.
Срцата се кршат.
Работите доаѓаат и си одат.
Кариерата се завршува.
Родителите умираат.
Колегите ги забораваат услугите.
Мажите имаат свој свет.
Но, пријателките остануваат крај тебе колку и време да помине.
Пријателката никогаш не е толку далеку да не може да биде покрај тебе кога ти е потребна.
Додека мораш да одиш низ тој осамен пат кој се вика живот, и кога ќе мора да одиш сама, твоите пријателки ќе бидат тука, покрај патот, навивајќи за тебе, молејќи се за тебе, трудејќи се околу тебе, ќе интервенираат во твое име и ќе те чекаат на крајот на патот со широко раширени раце. Понекогаш и ќе ги прекршат правилата за тебе.
Потребни сте си едни на други. Чувајте го пријателството – тоа е навистина скапоцено!