Кога ќе остарам...
Била некогаш една слаба старица. Кога и починал сопругот, отишла да живее со синот, снаата и внуката. Секој ден нејзиниот вид и слух се влошувале. Понекогаш нејзините раце толку многу се треселе, што грашокот од чинијата и паѓал по подот, а супата и се истурала.
Синот и снаата не можеле да и помогнат, а ги нервирал нередот кој го правела. Еден ден им дошло преку глава па рекле – што е многу, многу е. Поставиле за неа мала маса во ќошот покрај плакарот за метли и и дале таму да јаде сама оброци. Додека јадела ги гледала од другиот крај на собата со очи полни солзи, но тие воопшто не разговарале со неа, освен што ја пцуеле кога ќе и паднела вилушка или лажица.
Една вечер, внуката седела на подот си играла со коцки.
„Што правиш“ – ја прашал татко и.
„Правам мала маса за тебе и мама за да можете сами да јадете во ќош кога јас ќе пораснам“ – рекло девојчето.
Таткото и мајката занемеле и ова изгледало како да трае вечност.
Потоа почнале да плачат.
Во тој момент сфатиле што направиле и тагата која ја предизвикале. Таа вечер ја вратиле старицата на нејзиното место на големата маса и од тој ден таа јадела само со нив. А, кога ќе и паднела храна или прибор, изгледало како никој веќе да не го забележува ова...