Вистинска приказна: Живеј го животот

vistinska-prikazna-zivej-go-zivotot

Неодамна, еден убав сончев ден враќајќи се од училиште една девојка го сменила правецот на патот кој водел до нејзиниот дом. Замислена бавно чекорела. За што размислувала? За иднината и за е она што се случувало околу неа. Одлучила да се упати кон езерото.

Прошетките биле нејзината слабост. Водата, птиците, планините, со еден збор природата значеле нејзиниот живот, таму секогаш наоѓала мир. Кога чекала да ја премине улицата односно зеленото светло некој ја допрел за рамото.

Кога го кренала погледот здогледала еден старец, имал околу 70 -тина години, се познавало неговото веќе уморно лице. Во својата десна рака носел кошничка во која имало 50 црвени рози.

Старецот извадил една и со искрена насмевка и ја подарил на девојката велејќи и дека цвеќе е најубавиот подарок што може да го добие секоја девојка. Таа веднаш го сменила изразот на нејзиното лице, се насмевнала и ја прифатила розата заблагодарувајќи се.

На семафорот се вклучило зелено светло, ја преминале улицата и се упатиле кон паркот, крај езерото. Таа кажала дека ги обожава цвеќињата и се восхитува на неговиот гест, а старецот одеднаш почнал да ја раскажува својата животна приказна.

И раскажал дека неговата сопруга била најубавата жена што некогаш ја видел, дека многу ја сака, дека сè ќе направи за неа, дека ако и се случи нешто нема да може да си прости, дека ќе го даде својот живот за нејзиниот, дека розите всушност биле симбол на нивната љубов односно нивната 50 - годишнина.

Девојката била трогната, да споменам таа не верувала во тоа дека некој може толку силно да сака некого, од тоа што дотогаш го имала видено мислела дека љубовта е минлива и не им верувала на припадниците на посилниот пол.

Радосна на туѓата среќа со восхит го слушала. Кога старецот ја завршил својата животна приказна веселата девојка веќе ја немала таа ведрина и живост во себе, нејзиниот лик се променил, очите и се насолзиле, душата и била празна, чувствувала немоќност. Всушност тој бил упатен кон старите гробишта, да ги остави црвените рози на нејзиниот гроб.

Да, неговата сопруга не била повеќе покрај него, таа млада заминала и го оставила сам, целиот живот тагувал преостанувајќи му да ја гледа нејзината слика и да се сеќава на убавите моменти со својата сопатничка.

Живеј го животот! Живеј додека можеш ти да бидеш водичот во него, пронајди ја вистинската љубов, сакај и никогаш не престанувај да ја негуваш, не дозволувај да ја изгубиш, ќе сфатиш дека си погрешил, но веќе ќе е премногу доцна.

Не откажувај се од ништо во животот, бори се за тоа што те влечи, што го сакаш, што те исполнува. Научи да се извиниш и признај кога грешиш, а исто така и да простиш. Радувај се на сопствената, но и на туѓата среќа.

Биди оптимист во вистинската смисла на зборот, секогаш во главата имај позитивни мисли. Биди искрен и чесен.

Живеј со ентузијазам! Се има своја вредност, цени ја и не потценувај никого.

Едноставно, животот е еден, па затоа не испуштај ја шансата што ти ја дава.

И благодариме на Ангела Јанкулоска која ни ја испрати оваа приказна.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg