Мудра приказна: Нашето мислење за другите
Некој човек ја загубил секирата која му била посебно драга. Веднаш се посомневал дека му ја украл синот на соседот. Затоа, се решил да го следи неколку дена дечкото и сè повеќе бил уверен – само тој би можел да му ја украде секирата.
„Неговиот начин на одење, изглед, говор, движење – сето ова го издава дека е крадец. Немам веќе сомнеж во ова.“
Чистејќи еден ден, случајно во калта пред куќата, ја пронашол исчезнатата секира. Па се решил, пак да го следи синот на соседот. По некој ден си признал себе си:
„Неговиот начин на одење, изглед, говор, движење – сето ова го издава дека е чесен и добар човек.“
Зар ова не е една од оние ситуации со кои се среќаваме речиси секој ден?!
Нашето избрзано мислење за другите и донесување погрешен заклучок.
Затоа, размислете два пати пред да обвините погрешно.