Селски муабети
Едно вредно семејство имало само едно магаре. Кога мајката, таткото и детето се враќале од својата нива, детето го качиле на магарето за да не оди пеш.
Тогаш целото село зборувало „како не му е срам на детето да ги остави родителите кои цел ден работеле уште да си ги мачат нозете!“.
Другиот ден мајката се враќала на магарето, но тогаш луѓето во селото зборувале „како не ѝ е срам на мајката, не ѝ е жал детето да оди пешки?!“.
Следниот ден таткото се качил на магарето, ама тогаш целото село зборувало „како може маж да дозволи неговата уморна жена и дете да се влечат пеш покрај него!?“.
Четвртиот ден сите тројца се стиснале на магарето, а луѓето биле вџашени - „Па, како не им е жал за кутрото магаре?!“.
Следниот ден сите тројца се враќале пешки, крај магарето, а селаните им се смееле - „Што глупави луѓе! Си имаат магаре, а цел пат се мачат пешки!“.
Поука извлечете си сами и обидете се барем денес да не коментирате туѓи магариња.