Домино ефект во реалноста
Директор на една фирма и се јавува на секретарката па и вели: Ајде спреми се идеме една недела на пат во странство. Секретарката доаѓа дома...
...и му вика на мажот: Драги, морам со шефот на службен пат една недела, ќе мораш да се грижиш сам за себе.
Мажот ја информира својата љубовница: Жена ми иде на пат една недела, ќе уживаме ова време заедно.
Љубовницата ги известува учениците на кои им дава часови по математика: Ќе бидам многу зафатена следнава недела, ќе паузираме деновиве.
Ученикот жив среќен го информира дедо си: Дедо, ќе бидам слободен цела недела и немам часови затоа што учителката ми е зафатена, ајде да одиме по риба!
Дедото (директор на компанијата) повторно и се јавува на секретарката: Планот е променет, внук ми ме замоли да поминеме време заедно. Ќе патуваме друг пат...
Секретарката му се јавува на мажот: Драги, на шефот му излезе некоја работа, службеното патување е одложено.
Мажот и се јавува на љубовницата: Нема да можеме оваа недела, жена ми го одложи патот.
Љубовницата им се јавува на учениците: Наставата сепак ќе си продолжи со ред.
Ученикот му се јавува на дедото: дедо, учителката ни ги закажа повторно часовите, нема да можам да ти правам друштво по риба.
Дедото и се јавува на секретарката: Не се секирај, сепак патуваме оваа недела. Пакувај куферите...