Златко Јовановски за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж помислив дека не е толку добро како што очекував“

„Се сеќавам, требаше да го стоплам ручекот, зашто моите не беа дома. Кога се вратија тие дома, пола куќа беше запалена. Добро, не запалена, ама зачадена, јадењето беше загорено, а тие ги фрлија и тенџерето и празот“ - напиша дизајнерот Златко Јовановски во нашиот лексикон.

Untitled-3.jpg

Модниот дизајнер Златко Јовановски е на добар пат да си го исполни детскиот сон и да биде „ѕвезда“.

Неговото име го знаат многу славни личности, не само од регионот, туку и од светот, зашто неговите креации се појавиле на насловните на познати магазини, за него неколкупати пишуваше и Vogue, а креациите на Златко ги носеле многу славни дами.

Овој тетовчанец, ужива во патувањата, сака да се појавува на телевизија и нема трема пред камери, но вели - ќе се здрви и не знае како да се однесува кога пред него ќе се појават тамбураши.

За првиот бакнеж, во кое доба би сакал да живее, за тоа како за малку ќе ја запалел семејната куќа во Тетово, која му е „најстара“ другарка - Златко се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Златко Јовановски, прекар ми е Џеј Зи Џеј (ЈЗЈ).

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Роден сум на 15.08.1995, имам 29 години и во хороскоп сум Лав.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Believe од Шер - Шер ми е и омилена пејачка. Пејач омилен немам. 

zlatko-jovanovski-za-crnobelo-leksikon-15.jpg

4. А омилена книга?

„Мојот дедо Луј Витон“ од Исидора Бјелица.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Немам омилен глумец, глумица - Сара Џесика Паркер, филм Devil Wears Prada, а серија Sex and the City.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Омилен спорт ми е уметничко лизгање - обожавам да гледам.

Спортист ми е Новак Ѓоковиќ - јас сум фасциниран од неговиот успех и од него како човек.

zlatko-jovanovski-za-crnobelo-leksikon-09.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Милениче немам.

8. Која е најчудната/најглупавата порака што си ја пратил некому по грешка?

Сигурно било нешто со утнати клиенти.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Сакав да бидам ѕвезда, а сега сум моден дизајнер.

zlatko-jovanovski-za-crnobelo-leksikon-02_copy.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Aperol Spritz ми е омилен пијалак. Од храна сакам сè што ќе зготват мајка ми и баба ми, зашто не живеам со нив, па нивните јадења ми се супер.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Марина, се дружиме од прва година средно, а тоа е 14 години.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Одличен, секогаш одличен. Во основно омилен предмет ми беше уметност, а во средно моделирање облека.

zlatko-jovanovski-za-crnobelo-leksikon-12.jpg

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Моите баба и дедо кои од ништо имаат направено нешто.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Некој од принцовите од Дизни.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Монопол со сестрите.

zlatko-jovanovski-za-crnobelo-leksikon-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg