Златко Јовановски за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж помислив дека не е толку добро како што очекував“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Се сеќавам моите ми кажаа да го ставам ручекот да го стоплам, зашто не беа дома. Беше тоа некој праз, а јас го ставив на 2.5 или 3. Кога тие се вратија тие дома, пола куќа беше запалена. Добро, не изгорена, ама зачадена, јадењето беше загорено, а тие ги фрлија и тенџерето и празот.
17. Дали некогаш си се степал?
Не, никогаш.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Дека сум суеверен.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во рококо - да носам многу висока фризура и палта со „кукови“.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Можност секојпат да летам со приватен авион и можност да ги купам сите дијаманти на овој свет.
21. Од што се плашиш?
Од инсекти.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Се викаше Дорис. Мислам дека сега е во Америка и игра тенис.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Во кафеана не љубам да одам. Можеби немам ич трема пред камери и на телевизија, но имам голема трема кога околу мене има тамбураши - тогаш сум укочен и катастрофален. Само јас не знам да давам пари „на музиката“ (ха-ха).
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На цел шопинг што го имам направено и на сите мои патувања, на коишто сум бил сам.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дубаи и Монте Карло.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Дека во живо изгледам повисоко отколку на фотки, иако, имам 186cm и мислам дека не личам ниско на сликите.
27. Откриј ни една тајна...
Ако откријам нема да е тајна.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Не е добро колку што очекував.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од мојот пискав глас. Но сега не ми смета, затоа што е таков и сум го прифатил.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Златко: Дали некогаш ќе ме викнете да поминам малку време со вас во канцеларија?
CRNOBELO.com: Те чекаме, уште денес ако сакаш и имаш време да дојдеш.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело