Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Има многу, со оглед на тоа дека секое слободно време го користев да играм надвор.
Пораснат сум кај баба и дедо. Кога вака ќе размислам, душата му ја вадев на дедо ми со правење бељи.
17. Дали некогаш си се степал?
Никогаш.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Грицкање нокти.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Кога бев во основно училиште.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Задоволен и исполнет сум со тоа што сега го имам.
Човечки е да сакаме и да се бориме за повеќе.
21. Од што се плашиш?
Од стоматолог.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Многу одамна беше ова искрено. Поим немам.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Ако згрешам нека изгорам“ - омилена ми е.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На патувања.
25. Кое е најубавото место на светот?
Требовле. Планинско село во Порече.
Дај ми планина и не ми треба ништо повеќе за убавина.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
„Какви ги има, ти си супер“.
27. Откриј ни една тајна...
Тогаш нема да биде тајна.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Малку сум стар да можам да се сетам на ова.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Не се тргав од улица и не ме интересираа видео игри, па никогаш не научив да играм ништо што тогаш беше тренд.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Ване: Желба за Нова 2025-та?
CRNOBELO.com: Малку нескромна, но, реална - да останеме на врвот и да продолжиме да ја забавуваме публиката која е со нас веќе 17 години.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело