Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Како мал најмногу сум ги гледал „Том и Џери“, па ајде да кажеме Џери.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Кога бев мал цело време бевме надвор и игравме повеќе игри, на пример во текот на денот сме играле фудбал, а кога се стемнуваше криенка (што би рекле ние во Охрид криш-миш), крадци и полицајци итн.

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

За ова прашање најдобро би било да се праша мојата мајка, затоа што не можам да издвојам една беља ха, ха.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-03.jpg

17. Дали некогаш си се степал?

Па да, како мал со мојот брат.

18. Што правиш во слободно време?

Моментално немам многу слободно време, но кога имам, најчесто сакам да си пуштам некоја серија или филм.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Искрено, немам размислувано на таа тема и не би сакал да го вратам времето назад.

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Моја фамилија и многу деца.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-09.jpg

21. Од што се плашиш?

Од висина.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Искрено, не можам да се сетам, бидејќи било во детството.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Најлесно можам да откачам на „Налеј, налеј“ или „Еј ти момче охриѓанче“.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-01_1.jpg

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Дефинитивно на мојата прва песна, Hellboy.

25. Кое е најубавото место на светот?

Охрид, дома си е дома.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-02.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?

Пајак: Дали на сопственикот му е скапо во Охрид, и дали му требиТ смештај?

CRNOBELO.com: Дефинирај „скапо“.

А смештај требиТ секогаш (најмногу во шпиц на сезона). Ако нудиш, одма да резервираме.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg