Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“

„Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“ - напиша Пајак во лексиконот на CRNOBELO.com.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-01.jpg

Христијан Настески - Пајак, веќе неколку години е миленик на тинејџерките.

Момчето кое истовремено шармира и со својот изглед и со своето пеење, овој пат ни откри интересни детали за себе и својата приватност, од тоа што сака да чита, преку омилените серии, до тоа каков ученик бил и кои му се омилени игри од детството.

Пајак се потпиша во нашиот лексикон, а ова се неговите одговори:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Христијан Настески, а прекар ми е Пајак.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 23 години, роден сум на 10.01.2001, а во хороскоп сум Јарец.

3. Која ти е омилена песна, кој ти е омилен пејач и пејачка?

Во моментов немам омилена песна. Омилен пејач ми е The Weeknd, а омилена пејачка немам.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-07.jpg

4. А омилена книга?

Од омилена книга можам да ги издвојам деловите на Harry Potter.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Омилен глумец ми е Кевин Харт, омилена глумица Анџелина Џоли. Омилен филм, исто така, ми се деловите на Harry Potter, а омилена серија ми е How to Get Away With Murder.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Искрено не пратам спортови, но од мал сум навивал за Chelsea.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Да, имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите ја викаме Мац Мац ха, ха, ха.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-05.jpg

8. Кој ти е среќен број?

Омилен број ми е 10.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Уште од мал сум сонувал да бидам ова што сум денес.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Омилен пијалак ми е кафе, а омилено јадење ми е јајце на око, ха, ха.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-08.jpg

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам најдобар другар од детството што живее кај мене во маало. Се дружиме од многу мали, скоро 16-17 години.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев солиден ученик, но не бев многу по учењето. Повеќе ме интересираше креативноста и пробувањето нови работи. Омилен предмет ми беше информатика.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Мојот татко е мојот најголем идол.

pajak-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mnogu-deca-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg