Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте...

Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а потоа ќе ви предложат да купите скапи релаксатори кои ќе го прават токму она за што се создадени рацете на мајката и таткото – за лулање.

lugjeto-kje-vi-zboruvaat-no-ne-gi-slushajte-01.jpg

Колку се само луѓето чудни. Дали некогаш сте размислувале за тоа? Јас да.

Од денот кога ќе се роди нивното дете, тие се решени од него да направат независно суштество. И, ако може тоа да се реши во рок од еден месец.

А, кога ќе почнете да копате малку подлабоко и ќе ја погледнете пошироката слика...

Ќе ви кажуваат, тие некои луѓе, да не дозволувате детето да заспива додека лежи врз вашите гради и да го научите дека млекото е храна. А, ќе го прават тоа додека си варат чај за себе за да се опуштат, за да можат да заспијат.

Ќе ви кажат да не легнувате покрај детето кога ќе почне да заспива, а тие самите ќе легнат покрај својот партнер.

Ќе ви објаснат и дека вашето скоро двегодишно дете е преголемо за да цица, а за себе ќе стават шолја кравјо млеко за појадок.

Тие јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а потоа ќе ви предложат да купите скапи релаксатори кои ќе го прават токму она за што се создадени рацете на мајката и таткото – за лулање.

Луѓето ќе ви кажат и да го оставите детето само да се смири кога плаче и е нервозно, а потоа ќе одат да го утешат својот пријател кој е тажен или разочаран.

Многумина ќе ви објаснат дека тоа што одговарате на сите потреби на детето е, всушност, само ваша лоша навика со која самите на себе си правите проблеми. И тоа ќе ви го кажат додека држат цигара во раката.

lugjeto-kje-vi-zboruvaat-no-ne-gi-slushajte-02.jpg

Боже, што сè ќе ви кажат луѓето! Но, вие не сте „тие луѓе“. Вие сте оние чии инстинкти зборуваат гласно и јасно и одбиваат да бидат замолчени од таквите кои се полни со совети.

Затоа што, дури и кога сме потполно исцрпени, знаеме дека плачот со кој бебето нè повикува е негов начин да ни каже дека му требаме, а не некаков протест.

Бидејќи ​​ни е јасно дека кога нè бараат во 3 наутро тоа не е никаква манипулација.

Затоа што, дури и кога нè боли грбот бидејќи го заспиваме детето во мал кревет, знаеме колку брзо ќе поминат тие моменти.

И знаеме дека кога ќе поминат, повторно ќе се согласиме на таа болка во грбот, само кога би можеле да се вратат на таа возраст барем на еден ден.

Луѓето ни зборуваат, но ние знаеме. Знаеме што е навистина важно и знаеме дека треба само да им се насмевнеме и да им кажеме: „Благодарам за советот, но јас ќе го направам тоа, сепак, поинаку“.

Извор 

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg