За сите кои растеа со „Златно славејче“ и „Дајте музика“, ги пееја „Никола, Никола“ и „Сакам кола убава“ - Сеќавање на детството
„Поточиња“ и „Калинка“ – фестивали со долга традиција
Скопските „Поточиња“ и гевгелиската „Калинка“ се уште два детски фестивала со долга традиција. И таму се испеани хитови кои сè уште се пеат.
„Калинка“ неодамна почна повторно да се одржува по десет година години пауза, а „Поточиња“ одбележа 20-годинишен јубилеј.
„Од многу изворчиња, трчаат поточиња“ – е незаборавната химна испеана од Драган, Ана, Сања и Јована.
На „Поточињата“ се пееше за Скопје, за Дедо Мраз, за пролетта и мајките, за Баба Марта, татковината и учителките.
„Една оса“, „Мечето Ушко“, „Црвенкапа“, „Кога се лути тато“, „Роденден“, „Фамилија Музичари“ се само мал дел од многу детски песни испеани на „Калинка“.
Супер-ѕвездичките на Дарко Мијалковски
Песни без кои не можеше да помине ниту една детска забава, се оние што се пееја на фестивалот „Супер ѕвезда“ - спој на музика и едукативи содржини. Водител беше Дарко Мијалковски, кој секогаш во недела ги носеше своите ѕвездички на нова музичка авантура низ Македонија.
Со нив учевме за фабрики, виртуелно посетувавме продавници, слушавме разговори со лекари.
А од сцената на фестивалот излегоа и многу детски хитови меѓу кои и „Кој си носи чадорче, не наврнува“.
Но и „Тинка се шминка“, „Ива не знае да плива“, „Шармер“ и Чоколади“ се само дел од многу детски хитови на супер ѕвездичките.
„Сител Бамбини“ и „Дајте музика“
Покрај фестивалите, кои традиционално, и денес се во потрага по детски музички таленти и мамат насмевки, и носат среќа, во мое време легендарни беа и детските музички емисии како „Сител бамбини“, која се прикажуваше секоја недела во 12 часот на Сител и незаменливите палавковци од „Дајте музика“, кои царуваа на МТВ.
Вечно ќе останат запаметени „Зелката има кошули триста“, „Сини очи има Јана“, и секако најавната шпица која верувам дека многумина сè уште го знаат текстот.
Детски фестивали сè уште се одржуваат низ нашата држава, но за жал, ја нема таа еуфорија која ја имаше во мое време. Нема да заборавам како со нетрпение чекавме од училиште да нè носат во Универзалната сала за да ги слушаме златните славејчиња, како со душа на телевизија ги чекавме сите преноси од фестивалите.
На детските родендени од касетофоните „ечеаа“ хитовите од „Си-до“, „Калинка“ и „Поточиња“, а сите скокавме и „вриштевме“ „Дајте музика, дајте музика, овде не сме на час“ кога некој ќе ја прекинеше журката.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело