Пукнува така човек понекогаш... Кога од сите страни доаѓаат само лоши вести

puknuva-taka-chovek-ponekogash-koga-od-site-strani-doagjaat-samo-loshi-vesti-01.jpg

Пукнува така човек понекогаш.

Кога сè ќе се собере.

Кога од сè ти е премногу.

Кога мозокот сака да ти експлодира од премногу мисли, а душата од премногу грижи.

Кога ќе ти се насоберат стравови.

Кога од сите страни доаѓаат само лоши вести.

Едноставно пукнуваш.

Се исплакуваш.

И плачеш повторно.

Сè додека имаш солзи.

Па, се смируваш.

Стивнуваш.

Па, чекаш да помине.

Си вариш кафе или чај.

puknuva-taka-chovek-ponekogash-koga-od-site-strani-doagjaat-samo-loshi-vesti-02.jpg

Се обидуваш да ги собереш делчињата од себе и продолжуваш понатаму.

А, има понатаму, запомни, и тоа може да биде нешто добро и убаво.

Мора да постои место каде што понекогаш можеш да бидеш среќен и сигурен и каде ќе ти биде топло на срцето.

Место кое ќе те потсети на мекиците од мајка ти, мирисот на пената за бричење на татко ти или на мирисот на косата на сестра ти, кога бевте деца.

Само испиј ја таа шолја кафе или чај, смири се и диши длабоко.

Полека.

Ќе биде добро.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Драг сопругу, потребен ми е одмор понекогаш Драг сопругу... Морам да ти го напишам тоа што често се борам да ти го објаснам,...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...
Живеам во нова зграда во Скопје - инвеститорот не ни ги исполни половина ветувања, а веќе не крева и... Од ветување за стан од висока класа добивме стан со ѕидови кои треба одново да с...
Невести доста ги критикувате свекрвите, кажал ли нешто маж ви за мајка ви? Свекрвите вака, свекрвите така ни останало во навика да коментираме... Можеби од...
Реални искуства со лоши наставници поради кои го отсакавме училиштето „Ќерка ми во осмо одделение доби четворка по физика, иако беше одлична по сите д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg