Порака до сите жени...
Велат дека во одредена доба, ние жените стануваме непотребни, дека нашето учество и вниманието кое го добиваме опаѓа и дека стануваме непостоечки за светот во кој е важна само динамиката на младите.
Не знам дали некогаш ќе станам непотребна за светот – тоа е многу веројатно, но никогаш не сум била свесна за своето постоење како сега; никогаш не сум се чувствувала како главна улога во својот живот како сега и никогаш не сум уживала толку во секој момент од својот живот.
Открив дека не сум никаква принцеза од бајките; открив дека сум само едно човечко суштество со сите свои недостатоци и својата величина.
Открив дека сама себе можам да си допуштам луксуз да не бидам совршена, дека имам многу слабости и недостатоци, дека можам да грешам и да не одговарам на очекувањата на другите. И покрај сето ова, открив дека се сакам себе си многу.
Кога се гледам во огледало, не го барам она што било во минатото...Се насмевнувам на она што сум денес...Среќна сум заради она што сум го поминала и ги прифаќам своите противречности.
Чувствувам дека морам да го поздравам девојчето кое бев. Нејзиниот свет на илузии и фантазии повеќе не ме интересира. Колку е добро што повеќе не го чувствувам оној стален немир кој ме тера да трчам по своите соништа.
Животот е толку краток, а да умееш да живееш е толку тешко – туку што сте почнале да учите време е да го напуштиме овој свет.
Толку е потребно на едно човечко суштество да созрее, зар не? Да имаш и да задржиш. Најголемите и најубавите доживувања повеќе ги чувствуваме ако помалку ги поседуваме и задржиме.
Ако сакаш да имаш море, набљудувај го и отвори ги своите раце широко – целото море ќе биде во нив. Затоа што, ако ги затвориш рацете за да го задржиш, тие ќе останат празни.
Ако сакаш да имаш пријател кој ќе биде покрај тебе во животот, пушти го да оди...и ќе го задржиш...затоа што ако го задржиш за да го поседуваш, ќе го изгубиш и ќе бидеш затвореник.
Ако сакаш да го почувствуваш ветрот, испружи ги рацете и рашири ги дланките и ветрот ќе биде твој, затоа што ако посакаш да го задржиш, ќе останеш без ништо.
Ако сакаш да го имаш својот син, пушти го да расте, да оди и да се оддалечи...ќе го имаш зрел кога ќе се врати. Затоа што ако го задржиш за да го поседуваш, ќе го изгубиш засекогаш.
Ако сакаш да имаш сонце и да уживаш во неговата чудесна светлина, отвори ги своите очи и набљудувај го...ако ги затвориш за да ја задржиш светлината која веќе стигнала до тебе, ќе останеш во темнина.
Ако сакаш да уживаш во радоста, ослободи се од чудните навики да поседуваш и задржуваш. Уживај во пеперутките кои летаат околу тебе, во зборовите кои неповратно течат...Уживај во цветот кој се отвора кон небото. Уживај во тоа да имаш сè, а да не го поседуваш и задржуваш...
Само така ќе уживаш во животот, знаејќи дека го имаш без поседување и пуштајќи го да тече без да го задржуваш.