По фламингата и еднорозите, пловечките фотелји се хит за лето 2022
На топол ден си пловите на фотелја со студено кафе или пиво во рака, додека поголемиот дел од телото ви е во море, езеро или базен - звучи како совршено сценарио, зарем не? Новите хит летни помагала ќе ви го овозможат тоа.
Се подготвувате ли за летен одмор? Ако сте вљубеник во тренди додатоци за на плажа, кои ви го разубавуваат престојот таму, тогаш ќе ви се допаднат новите пловечки фотелји.
По гумите во форма на фламинга и еднорози од изминатите години, сега хит ќе бидат овие фотелји со кои ќе можете да пиете студено пиво или нескафе додека се разладувате со поголемиот дел од телото под вода.
Предноста на овие летни помагала е што не морате да дувате долго и напорно, за разлика од душеците и гумите, кај овие фотелји површината што треба да ја надувате е навистина мала.
Компактни се и лесно ќе ги однесете до плажа или на базен, а веќе се продаваат на Амазон.
Новите летни хит помагала:
С. С. | Црнобело