Носталгија за едно старо време: Нашите прабаби шиеле облека на „Сингерица“ – ја имате ли дома машината стара цел век?
Најголем дел од овие машини денес се оставени во некој агол, скриени, а во минатото биле неопходни за домаќинствата. Може да се видат и во излозите на некои од бутиците и кројачките салони. На вакви машини нашите прабаби и баби ја шиеле сопствената облека.
Во минатото нашите баби биле мошне вешти – сами ја шиеле облеката, или пак, ако не знаеле самите да шијат и да кројат, оделе кај кројач или шнајдер.
Речиси во сите домови на нашите баби и дедовци во некој агол од домот се крие по една машина за шиење, а во минатото се знаело – ќе купиш „Сингер“ или „Багат“ и со неа ќе го поминеш „цел век“.
Во некои домови сѐ уште може да се најдат старите „Сингерици“ што се управуваат со помош на рачка која се вртела со рака и кои се произведени на почетокот на минатиот век, или пак старите „Багат“ машини за шиење што се управуваат со нога.
Интересен податок е дека првата „Сингер“ машина за шиење за домашна употреба била произведена во 1855-тата година.
Finally got the old gal going. A bunting we shall go. #oldsinger pic.twitter.com/yyW26Ts4HH
-->— Julie Cowley (@JoolsCowley) April 15, 2014
На нашето поднебје, во Хрватска, по Втората светска војна била отворена фабриката „Багат“ која исто така произведувала машини за шиење за домашна употреба.
Од 80-тите години на минатиот век, па наваму, машините за шиење станале понапредни, па имаат вграден мотор и се управуваат на струја, а имаат и вградено светло за полесно работење.
Речиси сите овие машини работат и ден-денес. За да шиете на нив не ви треба струја, ви треба само огромна волја за работа и трпение.
Loved using these #oldsinger #sewingmachine in the day!! pic.twitter.com/DvVW46Un5Z
— Fiona Whytock (@FionaWhytock) February 19, 2015
Доказ за тоа се и споделувањата на социјалните мрежи, каде корисниците се пофалиле со новите проекти што ги сработиле на нивната „Сингерица“.
OMG look what I got for my birthday and on Spanglies birthday #oldsinger #vintagesewing pic.twitter.com/13PgGt4xgf
— Spanglies (@spanglies_uk) October 13, 2017
Во минатото се продаваа цели списанија со шеми за кроење, па голем број од нашите баби и повозрасните по овие шеми ја шиеле својата облека.
Б. С. Б. | Црнобело