Нов бизарен дизајн – машки гаќи со „џеб“ за тестисите
Изумителот Александар Волш не можел да си најде соодветни машки гаќи, па одлучил сам да креира нешто што ќе му го олесни секојдневието.
Брендот за долна облека за мажи „JustWears“ сака да предизвика револуција со своите дизајни во поглед на машката долна облека, па сега смислија боксерки со „џеб“ за тестисите.
Овој „џеб“ е направен од лесен материјал кој дозволува поголем проток на воздух, дава простор и го обезбедува потребниот комфор.
Фотографиите од новиот дизајн станаа хит, а нивните изумители се водат од мотото „The only underwear his balls deserve“ (единствената долна облека која неговите тестиси ја заслужуваат).
Изумителот на дизајнот Александар Волш вели дека бил инспириран од тоа што не можел да си пронајде гаќи кои совршено му прилегаат, па одлучил да направи нешто во врска со тоа и да креира нешто што ќе ги реши проблемите со функционалноста на машките гаќи.
Специјалниот џеб е направен од материјал кој е 5 пати помек од памукот и е антибактериски. Волш тврди дека им дава простор на тестисите да дишат и со тоа влијаат на квалитетот на спермата и ја подобруваат плодноста кај мажите.
Што мислите за овој нов дизајн?
С. С. | Црнобело