Во мало гратче во Србија брачен пар од стари велосипеди прави нови и ги продава - одлична еко идеја
Секој велосипед што го прават тие е уникатен и бојадисан како ниту еден друг на светот. Одлична идеја од соседна Србија...
Во двор во српското гратче Лозница брачниот пар Тамара (31) и Милош (39) Џуричиќ од стари велосипеди прави нови кул велосипеди.
Брендот си го нарекле „Lucky Wolf Cycles“, а првиот уникатен велосипед бил произведен на почетокот од 2020-та. Нивната идеја е прогласена како најекопријателска во Србија.
Репарацијата на старите велосипеди и бојадисувањето на уникатен начин прави секој од велосипедите да е единствен и да не постои ист таков на светот.
Тамара е главен дизајнер и фарбар, додека Милош сервисер. Целата работа ја прават на мал простор во нивниот двор.
Kaко изгледа работниот ден на овој инспиративен пар:
С. С. | Црнобело