Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто седиштата во речиси сите авиони се сини?

Сината боја се поврзува со смиреност и стабилност, плус не се забележуваат нечистотиите и гребаниците на седиштата.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini01.jpg

Дали некогаш сте обрнале внимание на бојата на седиштата во авионите? Речиси секогаш се сини и исклучоците од ова правило се реткост.

Можеби верувате дека бојата е поврзана со бојата на небото, но не е толку едноставно.

Зошто авионските седишта се сини?

Според научните истражувања сината боја се поврзува со стабилноста и безбедноста, што е многу важно за патниците кои страдаат од аерофобија. Плус, дури 90% од луѓето атрактивноста на одредена компанија ја проценуваат само според боите на брендот.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini09.jpg

За сината боја постои и практично објаснување. На неа не се забележуваат нечистотијата, дамките и гребаниците, па така може да изгледаат добро многу подолго време, отколку што можат седишта во некоја светла боја.

Но, во кабините на бизнис класата сепак може да видите светла нијанса на сината боја, поради тоа што тука летаат помалку патници, па материјалот се оштетува побавно.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini02.jpg

Интересно е што во 1970-тите и 1980-тите авиокомпаниите започнале да ставаат црвени седишта. Но, потоа тие биле заменети со сини затоа што црвената боја предизвикала зголемување на агресијата кај патниците.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini03.jpg

Платно или кожа?

За седиштата во авионите се користи и платно и вештачка кожа. На пример во авионите што имаат долги прекуокеански летови, седиштата се со платно поради удобност на патниците. Така тие не се потат и не им е некомфорно, а нивната кожа слободно дише.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini10.jpg

Но, во авионите што имаат куси летови најчесто има вештачка кожа затоа што таа е поотпорна на нечистотии и при истурање на пијалаци врз неа не остануваат дамки.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini04.jpg

Интересно е што навлаката што се става на горниот дел од столицата потекнува од викторијанска Англија, кога мажите користеле многу масло за правење на фризурите и со тоа ги валкале столиците.

За да се избегне ова на столиците започнале да се ставаат вакви навлаки, кои подоцна почнале да се ставаат и во авионите.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini11.jpg

Зошто седиштето до прозорецот понекогаш не е до прозорецот?

Авиокомпаниите сакаат да сместат максимален број на седишта во кабините. Па, така иако компаниите што ги произведуваат авионите им даваат препораки за бројот и распоред на седиштата во авионот, речиси ниту една компанија не ги почитува препораките.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini05.jpg

Со додавање на седишта се изместува редот, па затоа некои не се веднаш до прозорецот.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini12.jpg

Како да го изберете најдоброто место во авионот?

Ако не сакате да слушате врева од моторите на авионот, изберете седиште кое е во предниот дел. Но, тогаш ќе го слушате јасно и гласно секое обраќање на стјуардесите, но тоа најверојатно е подобро отколку моторите.

Исто така, дистрибуцијата на храна започнува од почетокот на авионот, па ќе имате поголем избор.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini08.jpg

Ако сте високи, тогаш седнете во близина на излезите за итни ситуации, таму има поголем простор помеѓу седиштата. Но, редот пред излезот за итни случаи не е најдобар избор затоа што седиштата не може да се навалат многу затоа што би пречеле во случај на итна евакуација. Изберете го редот по него.

zoshto-sedishtata-vo-reshisi-site-avioni-se-sini06.jpg

Прочитајте ги и 9-те тајни за поевтино летање со авиокомпаниите!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совршени велигденски јајца - лесна техника со прехранбена боја (видео) Иако е потребен околу еден час за да добиете совршени велигденски јајца со прехр...
Од кралска елеганција до диско мотиви – Топ 7 трендови за декорација на новогодишни елки за 2025 Кралски гламур, диско топки, но и розови декорации … Кои теми на божиќни уредува...
Велигденски јајца во златна боја со кои ќе ги импресионирате децата, но и возрасните Ако сакате да направите златни велигденски јајца со кои ќе ги воодушевите сите, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg