Предлог идеи за малку поинакви велигденски јајца оваа година
Ако сте во потрага по нови идеи за украсување на велигденските јајца, можете да искористите неколку интересни и невообичаени идеи од кои вашите јајца ќе изгледаат како Универзум, ќе бидат со перја или златно-сини.
Неколку брзи идеи како да направите уникатни велигденски јајца оваа година:
1. Имитација на јајцата на птиците Црвеногушки
Јајцата обојте ги со нежна сина боја, а потоа кратко попрскајте ги со златна или црна боја со помош на четка.
2. Јајца кои имаат цела една галаксија во себе
Јајцата најнапред потребно е да ги обоите со црна боја. Кога истата ќе се исуши, со сунѓер нанесете виолетова и сина боја. На крајот попрскајте ги со бела боја со помош на четка.
3. Омбре велигденски јајца
Некои јајца оставете ги пократко во бојата, а други оставете ги малку повеќе. Потоа истите наредете ги во стаклен сад според така што ќе изгледаат како да се прелеваат нивните нијанси.
4. Велигденски јајца со перја
Едноставно е, само залепете некое уметничко перо или вистинско.
Н. Г. | Црнобело