Направете сами: Фантастична домашна лулашка во 9 чекори
За читање книги, гледање телевизија или седење на фејсбук, откако ќе си ја направите оваа лулашка ќе се запрашате како воопшто до сега сте живееле без неа...
Во 9 едноставни чекори ќе можете да си ја направите оваа фантастична лулашка во која ќе можете да си го поминете безгрижно слободниот дел од денот.
Потребен материјал:
- Летва од даб 3,2cm x 92cm
- Коноп со димензија 1cm x 5cm
- 1,8m еднобојно платно
- Алка од челик што не рѓосува со должина од 8cm
- Алка од челик што не рѓосува за поврзување со должина од 5cm
- Кука за поврзување од челик што не рѓосува
- Црна боја за ткаенина
- Четка за бојадисување
Потребен алат:
- Бормашина и бургија со пречник од 1cm
- Машина за шиење
- Пегла и даска за пеглање
- Ножици
- Линијар
- Запалка
Чекор 1
Свиткајте го платното на половина, ставете го рамна површина и поставете го како што е прикажано на првата фотографија. Измерете 7cm од горниот раб до долниот десен раб и забележете. Со помош на линијар, исцртајте линија од обележаното место до долниот десен агол и исечете ги двете половини на платното. Потоа раширете го платното.
Чекор 2
Свиткајте го горниот раб во должина од 1,3cm и испеглајте го. Потоа, повторно свиткајте 1,3cm и повторно испеглајте. На крајот, порабете со помош на машината како што е прикажано на фотографијата. Истата постапка повторете ја и на долниот раб.
Чекор 3
Свртете го платното за 90 степени така што најдолгиот раб да биде од левата страна. Свикајте го секој ќош во должина од околу 4cm и испеглајте.
Чекор 4
Свиткајте го уште еднаш платното во должина од 4cm и повторно испеглајте со помош на пегла.
Чекор 5
Дупло порабете го платното во должина од долниот свиткан раб, исто како што е прикажано на фотографијата. Истото повторете го и со другата страна.
Чекор 6
Измерете и обележете 5cm и 10cm од двата краеви на летвата и направете дупчиња со помош на бормашината. По желба, дрвото можете да го бојадисате во друга боја.
Чекор 7
Врзете чвор на конопот во должина од 5m така што ќе останат околу 8cm од „опашот” до крајот на конопот. Крајот од конопот стопете го за да не се одмота. Поентата на конопот е да го провлечете од едната и другата страна на ткаенината и врвот да го врзете повторно во чвор, како што е прикажано на фотографијата. Доколку страните не ви се еднакви, само израмнете ги чворовите пред да ги затегнете.
Чекор 8
Најдете го центарот на конопот откако ќе ја оптегнете ткаенината и врзете чвор, но над него оставете простор од околу 20cm до 25cm. Закачете ја алката на куката, која претходно треба добро и цврсто да ја поставите на таванот или на цврста гранка од дрво. Тестирајте ја издржливоста на тој начин што прво ќе се качите на лулашката во стоечка позиција, а дури потоа ќе легнете или седнете на неа.
Чекор 9
За поголема удобност, можете да си ставите перница на лулашката. Во зависност од висината на таванот, можете да исечете подолг коноп или да додадете јамка од конопот и така ќе можете самите да си ја подесувате висината на лулашката.