Направете сами: Идеи за поевтино и покреативно новогодишно пакување

Ова е еден од најубавите периоди од годината кога колку и да ви се чини секојдневно, сепак, новогодишната магија успева сите да ги развесели.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-01

Иако можеби сè ви изгледа премногу накитено и светкаво, сепак не можете да одолеете и да ги одминете новогодишните излози и да не помислите на најблиските.

Секој би се израдувал ако добие подарок, особено ако е нешто посебно и оригинално.

Не е толку важно колку е скап подарокот внатре, туку колку внимание и љубов сте посветиле додека го одберете и спакувате.

Зошто да не се релаксирате од работата и да одвоите малку време за да ја покажете својата креативност?

Наместо да купувате украсни кеси или да ви ги спакуваат сите работи еднолично, потрудете се сами да ги спакувате сите подароци на различен начин, според вкусот и стилот на оној на кого му подарувате.

Не само што е уникатно, туку може да ве чини и многу поевтино. Искористете некоја од следниве идеи.

1. Потребна ви е обична еднобојна хартија за пакување, која лесно може да ја виткате и неколку шарени селотејпи. Кутијата завиткајте ја со хартијата вообичаено, а украсете ја со различни исечоци од шарените селотејпи.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-1.jpg



2.
Стара мапа или весник и светкава трака ви се доволни за да имате едно необично, а украсно пакување. Авантуристите особено би се израдувале ако добијат подарок завиткан во мапа од следната земја која сакаат да ја посетат.  Додека за оние кои се со ретро стил, стариот весник со некој настан кој го паметат, би бил полн погодок.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-2.jpg

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-3.jpg



3.
Печатите од компири се одлична декорација, која можат и децата да ја направат. Доволно е само да ја издлабите средината на компирот според формата која сакате да ја направите. На страна растворете малку темперна боја во која ќе го натопите и ќе оставате отпечатоци на хартијата со која ќе ги пакувате подароците.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-4.jpg

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-5.jpg



4.
За романтичните пријателки хартијата со бели точки, машничка и цвет е полн погодок за воодушевување. Не ви треба премногу труд. Само еден молив со гума на едниот крај која ќе ја премачкате со коректор или друга темперна боја и ќе оставате отпечатоци како точки на хартијата. Откако ќе се исуши и ќе го спакувате подарокот, доволно е да ја преврзете кутијата со обична машна на која ќе додадете ситен цвет.

napravete-sami-10-idei-za-poevtino-i-pokreativno-novogodisno-pakuvanje-6.jpg


Уште 5 креативни новогодишни пакувања на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg