Направете сами: Идеи за поевтино и покреативно новогодишно пакување
5. Елегантно и свечено пакување со црни и златни машни може да направите од една растеглива црна лента и една светликава златна лента. Зависно како сакате да ви изгледа подарокот, може на различен начин да ги искористите двете ленти. Може да ги исечете потенко и да ги соберете како пуфка на средина, или да направите машна на која ќе залепите само неколку потенки ленти, изборот е ваш.
6. Ако подарувате нешто поситно за кое не ви е неопходна кутија, од хартија може да направите и плик, кој украсен со црвени ленти, шарени селотејпи, или црвени врвки од плетиво, може да ги направат новогодишни и украсни.
7. Уште едно романтично пакување може да направите доколку подарокот го спакувате во еднобојна хартија и наместо со разнобојни селотејпи, да одберете еден со поинтересен дизајн и да смислите форма во која сакате да го излепите.
8. Сте помислиле ли некогаш дека може да ја искористите и картонската ролна од тоалетната хартија како паковка? Сигурно ви остануваат многу такви кои ги фрлате, но периодов подобро е да ги зачувате и искористите. Многу е едноставно, само навнатре свиткајте ги двата краја на отворите за да добиете мало кутивче во кое ќе ставите некој поситен подарок, а на средина преврзете го, или украсете го некоја црвена или зелена лента.
9. Пакување со снегулки кои ќе можете да ги искористите на различни начини. Може да ги направите од хартија ако ја превиткате и исечете во одредена форма, така што кога ќе ја отворите ќе добиете интересен дизајн. Истата може да ја залепите на хартијата, или само да ја допрете, па ако поминете со боја преку неа шарата ќе остане отпечатена.
10. Спакувајте ги подароците во текстилна хартија која ќе му даде сосема поинаков изглед на подарокот. За неа не ви е потребна посебна техника, освен да ја врзете на различни места, зависно од големината на подарокот. Може да додадете и украсни врвки, или украси со кои ќе го надополните изгледот.