Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чувајте ги старите сијалици и претворете ги во новогодишни декорации

Нова година и Божиќ не можат да поминат без китењето на елката и украсувањето на домот во духот на празниците, па затоа оваа година направете си уникатни и впечатливи декорации, поразлични од сите претходни години.

cuvajte-gi-starite-sijalici-i-pretvorete-gi-vo-novogodisni-dekoracii-01.jpg

Оваа година искористете ги старите сијалици, кои воедно ќе ги рециклирате и со нив ќе ја накитите елката на единствен начин.

Рециклирањето е добро за околината, а освен што ќе заштедите на купување нови украси, преку овој начин ќе ја изразите својата креативност и одлично ќе се забавувате со блиските.

Прегорените сијалици претворете ги во божиќни декорации и внесете го празничниот дух во својот дом. Иако тие нема да испуштаат светлина, сепак ќе допринесат вашиот дом да блесне на потполно нов начин.

Добро опремете се со темперни бои, лепак, светки и стари материјали, пред да ги земете работите во свои раце.

Погледнете го ова видео кое ќе ви покаже како да брзо и едноставно да направите ирвас, снешко па дури и мал дедо мраз од прегорените сијалици: 


За повеќе интересни идеи за украсување на сијалиците, инспирирајте се од оваа мини галерија:

Би можело да ве интересира:

Популарен трик за виткање подарок – како сами да го спакувате како професионалец? (видео) На социјалните мрежи нов хит за виткање новогодишни подароци е со украсна хартиј...
Уникатни и рачно изработени подароци за Валентајн, од македонски мали бизниси Рачно плетен приврзок срце, брошеви со љубовни симболи, персонализирана книга ко...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Од кралска елеганција до диско мотиви – Топ 7 трендови за декорација на новогодишни елки за 2025 Кралски гламур, диско топки, но и розови декорации … Кои теми на божиќни уредува...
Нова техника за уникатни велигденски јајца – со чај од хибискус и алуминиумска фолија (видео) Со оваа техника велигденските јајца ќе ви изгледаат елегантно и уникатно, а се п...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg