Направете сами: Разубавете го вашиот велосипед

На улиците сè почесто гледаме шарени, креативни и невообичаени велосипеди, па зошто да не биде и вашиот еден од нив?

napravete-sami-razubavete-go-vasiot-velosiped-1

Искористете ја вашата креативност и направете си велосипед кој ќе обожавате да го покажувате низ градот.

Со малку труд стариот велосипед може да изгледа забавно, а овие неколку идеи со сигурност ќе ве инспирираат.

1. Со помош на графички ленти

Овие графички ленти доаѓаат во различни дезени и бои, така што најпрво треба да ја одберете онаа која најмногу ќе ви се допадне. Лентите се самолепливи и се изработени од посебна пластика, а најдобро би било да пронајдете водоотпорни ленти. Овие ленти не само што даваат посебен впечаток и интересен изглед туку и го заштитуваат вашиот велосипед од гребаници.napravete-sami-razubavete-go-vasiot-velosiped-2

Доколку со тек на време посакате друга лента, претходната извадете ја со помош на фен за коса со тоа што ќе аплицирате со топлиот воздух директно врз лентата и така полесно ќе ја извадите без остатоци од лепило.


2. Обојте го велосипедот

Доколку не сакате графичка лента постои и друга опција, а тоа е боењето на вашиот велосипед.napravete-sami-razubavete-go-vasiot-velosiped-4

За да го обоите велосипедот потребна ви е картонска кутија на која ќе ги поставите сите делови од велосипедот, спреј за боење по ваша желба, маска за да се заштитите од дишење на хемикалиите и лента доколку сакате да го направите во повеќе бои.


3. Брзо и едноставно наместете држач за чаша

Возењето велосипед со сигурност ве прави многу жедни па затоа она што мора да го имате е овој едноставен држач за чаша. Многу продавници за велосипеди имаат и посебна опрема и аксесоари за велосипеди, но зошто да не го направите сами? Овој држач за чаша ќе ви ги заштеди парите, но ја штити и природата бидејќи се изработува од материјали кои се рециклираат.


4. Ретро кошница за велосипед

Сакате нешто повеќе од традиционалните кошници? Креирајте сами кошница со која ќе ја истакнете вашата уникатност и карактер. За да ја направите оваа кошница набавете материјал во оној дезен кој најмногу ви се допаѓа.napravete-sami-razubavete-go-vasiot-velosiped-5

Потребен ви е панел во форма на кошница со која ќе го исечете материјалот и ќе го зашиете со самиот материјал.

Потоа зашијте жица на краевите на материјалот. На горниот дел додајте ластик за облека за да може да врзете кошницата и повеќе да ја затегнете. Додајте интересни аксесоари за во целост да добиете ретро кошница.


5. Торбичка за неопходни работи

Наместо торбата да биде на вас, поставете ја на вашиот велосипед. Најдете интересен материјал кој ќе се вклопи со сите останати додатоци кои сте ги направиле.

Најпрво порабете ја торбичката, а потоа додајте две рачки кои можат да бидат од ткаенина или пластика. Препорачливо е да бидат од ткаенина бидејќи на тој начин полесно ќе ги наместите самите.

На крајот ставете лепенка или копче со цел торбата да можете да ја затворате. За брзо време ќе добиете посебна мини торбичка во која ќе си ги чувате сите неопходни работи.

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg