Најдобрите реклами на Durex кои заслужуваат медал за креативност (фото)
„Оваа сезона, завиткајте го добро вашиот подарок. Среќен Божиќ!“. „На сите кои ги користат производите од нашата конкуренција – среќен Ден на татковците!“ – најпопуларниот бренд за презервативи, Durex, дефинитивно има генијални реклами кои се истовремено забавни, но и добар потсетник за потребата од нивно користење.
Користењето на заштита при сексуални односи е неопходна, како за заштита од сексуално преносливи болести, така и од несакана бременост.
Најпознатиот бренд за презервативи, Durex, низ годините има објавено голем број кампањи и реклами кои се истовремено забавни, но и потсетуваат на потребата од нивно користење.
Нивната маркетинг стратегија е генијална и речиси секогаш ги користат актуелните случувања и настани за тематски да го испромовираат својот најпопуларен производ - презервативи.
Погледнете дел од најдобрите во продолжениe:
Се „рола“ подобро отколку количка за бебиња
1 + 1 = 3... ако не користите Durex
Единствените (кино) „билети“ кои ви се потребни вечерва
Среќна сезона на корпорациски забави... Забелешка: Штитиме од сексуално преносливи болести, но не и од човечки ресурси
За сите оние кои ги користат производите на нашата конкуренција: Среќен ден на татковците!
Завиткајте го вашиот подарок за поголемо задоволство
Цените кажуваат сè
Телевизорот не е единственото нешто што станува потенко...
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





