Една работа што ја прави секој хороскопски знак по раскинување, а никогаш нема да ја признае
Вагите постојано објавуваат фотографии на социјалните мрежи за да му покажат на бившиот дека им е одлично и без него. Но, во реалноста, страдаат и посакуваат да им се врати.
Секое раскинување е тешко и нормално е извесен период да бидеме тажни.
Но, факт е дека повеќето луѓе ја кријат својата вистинска болка и ни со најдобрите пријатели не споделуваат што навистина прават додека страдањето е најголемо.
Па, што прават хороскопските знаци по раскинување, а никогаш нема да признаат?
Овен
Со недели се успиваат плачејќи. Кога се во друштво на други луѓе, се преправаат дека не им е ништо, па кога конечно се сами, мораат да ги ослободат негативните емоции.
Бик
Го демнат бившиот партнер на социјалните мрежи.
Му ги гледаат објавите, проверуваат кој му стиснал „лајк“, му го проверуваат бројот на пријатели или следбеници…
Близнаци
На големо купуваат нова долна облека за да го импресионираат идниот партнер (кој уште не го ни запознале).
Рак
Се колнат дека ќе направат драстична промена во животот, како одење во теретана.
Но, штом ќе преболат, си се враќаат на старите навики.
Лав
Одново и одново ги гледаат заедничките фотки со бившиот партнер.
Го идеализираат секој миг поминат со него и дополнително си го расипуваат расположението.
Девица
Речиси постојано спијат.
Стануваат од кревет единствено за да јадат и да одат на работа.