Како се однесуваат хороскопските знаци кога имаат секс за една ноќ? (18+)

За Стрелците, сексот за една ноќ е можност да пробаат нови (и луди) работи во кревет. Знаат дека никогаш нема да ја видат таа личност, па не се плашат да експериментираат. Какви се другите знаци кога имаат секс за една ноќ?

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-koga-imaat-seks-za-edna-nokj-01.jpg

Некои луѓе сакаат емотивна поврзаност со партнерот пред да имаат однос со него, а некои уживаат и во секс за една ноќ.

Како се однесуваат хороскопските знаци кога имаат секс за една ноќ?

Овен

Овните се бестрашни, па не им е многу грижа што ќе помисли за нив партнерот со кого планираат да имаат секс и да не го видат никогаш повеќе.

Без двоумење ќе извадат и играчки и ќе пробаат да се забавуваат што е можно повеќе.

Во овие ситуации, нив им е само важно да си поминат убаво.

Бик

За Биковите не постои разлика помеѓу секс со постојан партнер и секс за една ноќ.

Односно, тие си се држат до она што го знаат и умеат најдобро.

Не експериментираат и не ја напуштаат нивната зона на комфор.

Близнаци

Кога имаат секс за една ноќ, Близнаците не сакаат ноќта да заврши.

Тие се свесни дека никогаш повторно нема да ја видат оваа личност, па сакаат максимално да го искористат времето со неа.

Истовремено, тие нема да се грижат само за нивното задоволство и ќе го дадат најдоброто од себе за да го задоволат и партнерот.

Рак

Обично Раковите избегнуваат секс за една ноќ.

Тие сакаат прво да се поврзат со некоја личност, па дури потоа да имаат односи со неа.

Но доколку имаат секс за една ноќ, нема да експериментираат и ќе гледаат да завршат што е можно побрзо.

Лав

Лавовите сакаат да имаат целосна контрола, па не им е проблем да му даваат инструкции на партнерот кога имаат секс за една ноќ.

Истовремено, настојуваат светилките да бидат вклучени бидејќи обожаваат кога некој ги гледа.

Девица

На Девиците може да им биде тешко да уживаат во сексот за една ноќ бидејќи постојано ќе се прашуваат што мисли партнерот за нив.

Наместо да се релаксираат и забавуваат, тие ќе размислуваат за тоа дали се добри, како изгледаат и слично.

Поради ова, не се најголеми фанови на сексот за една ноќ.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg